Кралот Чарлс поради инфлацијата од свој џеб исплати бонус на персоналот


 

Персоналот кој работи за британскиот крал Чарлс ќе добијат бонус до 600 фунти како помош поради сè поголемите трошоци за живот во кризните времиња.

Таблоидот „Сан“ објави дека вкупните бонуси, кои ќе бидат исплатени овој месец покрај регуларната плата, ќе изнесуваат десетици илјади фунти и дека потекнуваат од кралскиот приватен приход. Весникот истакнува дека за исплата не користи пари од даночните обврзници.

Кралот парите ги дава од својот џеб

Персоналот кој годишно заработува помалку од 30.000 фунти ќе добие еднократна сума во износ од 600 фунти, оние кои годишно заработуваат меѓу 30.000 и 40.000 фунти ќе добијат 400, а сите на кои годишната плата над 40.000 фунти ќе добијат бонус од 350 фунти, пишува „Сан“.

Лице блиско до кралското семејство за весникот вели: „Кралот дава пари од сопствениот џеб за своите вработени со најниски примања. На тој начин сака да им помогне со животните трошоци во кризно време“.

Во палатите работи 491 вработен

Според податоците од кралското семејство за 2020 и 2021 година во палатите полно работно време работи 491 работник, чија плата доаѓа од грантот „Sovereign“, накнада која за поддршка на кралот и неговите службени должности годишно ги дава владата. Вкупниот износ кој се издвојува за плати изнесува 23,7 милиони фунти.

Во јуни, кралскиот извор вели дека кралското семејство е „многу свесно“ за кризата која ја погодува нацијата и дека тогашниот принц од Велс на проблемот му посветува особено внимание.