Државниот обвинител Коцевски поднесе оставка (во живо)


Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски преку итен допис до Собранието поднесе оставка пред мнозинството да го разреши.   Претходно, Владата достави предлог за разрешување на Коцевски, во кој како причини се наведуваат, како што се посочува, сторени сериозни професионални пропусти во раководењето со Јавното обвинителство, неовластено изнесување информации и податоци за судски предмети со што, …

Државниот обвинител Коцевски поднесе оставка (во живо) Read More »

Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата бара итно донесување на Предлогот на Закон за заштита на укажувачи, како клучен чекор против корупцијата


Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата бара итно донесување на Предлогот на Закон за заштита на укажувачи. Платформата на граѓански организации за борбата против корупцијата изразува сериозна загриженост поради бавниот процес на донесување на Предлогот на Закон за заштита на укажувачи. Иако Платформата активно учествуваше во  работната група формирана од Министерството за правда …

Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата бара итно донесување на Предлогот на Закон за заштита на укажувачи, како клучен чекор против корупцијата Read More »

Црна Гора затвори пет поглавја од преговарачкиот процес со ЕУ


 Во Брисел денеска се одржа 24-та Меѓувладина пристапна конференција ЕУ-Црна Гора, на која Подгорица времено ги затвори преговорите по пет поглавја од преговарачкиот процес за членство во Европската Унија. Како што соопшти Советот на ЕУ, станува збор за поглавјата 3 – Право на основање претпријатија и слобода на пружање услуги, 4 – Слободно движење на …

Црна Гора затвори пет поглавја од преговарачкиот процес со ЕУ Read More »

ДПА: Жените во Германија сѐ уште заработуваат многу помалку од мажите


Жените во Германија повторно заработуваат значително помалку од мажите оваа година, објави денеска Федералниот завод за статистика. Тие заработувале 22,81 евра на час (26,82 долари), што е за 4,24 евра помалку од мажите, што значи дека разликата во платите останала непроменета на 16 посто. Во 2024 година, оваа бројка се намалила за два процентни поени …

ДПА: Жените во Германија сѐ уште заработуваат многу помалку од мажите Read More »

Почна заверката на пензионерските билети на ЈСП за 2026 година


Од 15 декември почна процесот на заверка на корисниците за т.н. пензионерски билет за новата 2026 година, извести ЈСП Скопје. ЈСП Скопје издаде соопштение до своите корисници на билети за возрасни лица од старосна група над 62/64 години дека заверката на истите за 2026 година може да се прави во сите центри за персонализација, започнувајќи …

Почна заверката на пензионерските билети на ЈСП за 2026 година Read More »

Сите дубари на Државна лотарија: Немаат пари ни за исплата на добивки


Државниот завод за ревизија изврши ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на Акционерското друштво за приредување игри на среќа Државна лотарија на Република Северна Македонија, за 2024 година. Со извршената ревизија, се воздржуваме од изразување на мислење за реалноста и објективноста на финансиските извештаи за 2024 година и изразивме неповолно мислење за …

Сите дубари на Државна лотарија: Немаат пари ни за исплата на добивки Read More »

Поставени сите уреди за мерење бучава – инспекциските служби вршат контроли на 30 локации во Центар


Општина Центар ја заврши првата фаза од воспоставувањето систем за мониторинг на бучавата во јавниот простор со поставување на вкупно 30 уреди за мерење на бучава на повеќе фреквентни локации низ општината. Уредите се поставени на улиците: „Народен фронт“, „Наум Наумовски Борче“, „Орце Николов“, „Михаил Цоков“, „Славка Недиќ“, „Живко Чинго“, „Радњанска“, Бул. „Климент Охридски“, „Ленинова“, …

Поставени сите уреди за мерење бучава – инспекциските служби вршат контроли на 30 локации во Центар Read More »

Флаг стана првиот 18-годишен играч кој постигнал повеќе од 40 поени во натпревар од НБА


Кошаркарот на Далас маверикс, Купер Флаг стана првиот 18-годишен играч кој постигнал повеќе од 40 поени во натпревар од НБА. Американецот ги предводеше стрелците во натпреварот против Јута (133:140 по продолжение), постигнувајќи 42 поени, седум скока и шест асистенции. Флаг е првиот избор на НБА драфтот во 2025 година. Оваа сезона, тој има просек од …

Флаг стана првиот 18-годишен играч кој постигнал повеќе од 40 поени во натпревар од НБА Read More »

Одржан традиционален предновогодишен концерт на Воениот оркестар


Под мотото „Заедно посилни во хармонија на звуците“, вчеравечер во Македонската филхармонија во Скопје се одржа традиционалниот предновогодишен концерт на Воениот оркестар на Армијата, овој пат збогатен со настап на музичари од Централниот оркестар на Вооружените сили на Романија. По пречекот на претседателката и врховен командант на Вооружените сили Гордана Сиљановска-Давкова и интонирањето на химната …

Одржан традиционален предновогодишен концерт на Воениот оркестар Read More »

Реката Тигар може да исчезне! – Ќе ја спаси ли договорот „нафта за вода“


Познатата река Тигар во Ирак, крвотокот на древна Месопотамија, се соочува со закана од пресушување и сериозно загадување. Доколку не се преземат итни мерки за нејзино спасување, животите на древните заедници што живеат на нејзините брегови ќе бидат неповратно променети, пишува „Гардијан“. Еден од оние чија судбина зависи од реката е шеикот Нидам Креиди ал-Сабахи, …

Реката Тигар може да исчезне! – Ќе ја спаси ли договорот „нафта за вода“ Read More »

Директор и раководител на ЈКП „Брегалница“ Делчево, го оштетиле претпријатието за 7,6 милиони денари


Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Делчево поднесе кривична пријава против С.С., во својство на директор на Јавното комунално претпријатие „Брегалница“ – ПО Делчево, и против М.К., во својство на раководител на сектор во ЈКП „Брегалница“ – ПО Делчево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Несовесно работење во службата“ од …

Директор и раководител на ЈКП „Брегалница“ Делчево, го оштетиле претпријатието за 7,6 милиони денари Read More »

Танушев: И индустријата загадува во Струмица, но никој не сака да ја чепне


 Во последните години зголемен е бројот на респираторни заболувања кај сите возрасти во Струмица, истакна Мери Николова Гичева, директорка на Центарот за јавно здравје во Струмица, на денешната прва седница на Локалниот совет за превенција на која се дискутираше за проблемот со аеро загадувањето во Општината. Според неа, покрај климатските промени, во последните години во …

Танушев: И индустријата загадува во Струмица, но никој не сака да ја чепне Read More »

Орбан: Унгарија нема да испраќа пари и оружје во Украина и нема да учествува во воениот заем на ЕУ


 Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан пред почетокот на седницата на Комитетот за европски прашања во Парламентот во Будимпешта на Фејсбук (Facebook) објави дека се подготвува за претстојниот Самит на Европската Унија во Брисел. – Влогот е едноставен: војна или мир. Никогаш не сме биле толку блиску до решавање на руско-украинската војна. Европа е на прагот …

Орбан: Унгарија нема да испраќа пари и оружје во Украина и нема да учествува во воениот заем на ЕУ Read More »

Екс-градоначалникот на Демир Капија и екс-директор на КП „Бошава“ ќе одговараат поради загадување на животната средина


ОВР Неготино, до Основното јавно обвинителство Кавадарци, поднесе кривична пријава против Л.П.(42) од Демир Капија, П.Ј.(50) од Неготино, против општина Демир Капија и јавно претпријатие за комунални работи „Бошава“ од Демир Капија поради постоење основи за сомнение дека сториле кривично дело „загадување на животната средина и природата“ по член 218 од Кривичниот законик. Како што …

Екс-градоначалникот на Демир Капија и екс-директор на КП „Бошава“ ќе одговараат поради загадување на животната средина Read More »

РФМ и Пивара Скопје одбележаа 45 години партнерство


Во присуство на македонските ракометни репрезентативци, Ракометната федерација на Македонија (РФМ) и компанијата Пивара Скопје денес на свечена церемонија потпишаа Договор за спонзорство и одбележаа на 45 години партнерство. Продолжувањето на соработката беше поздравено од Огњен Лазиќ-генерален директор на Пивара Скопје, Александар Стефанов претседател на РФМ и Филип Миркуловски – спортскиот директор на машките репрезентации. …

РФМ и Пивара Скопје одбележаа 45 години партнерство Read More »

Апелациониот суд Скопје ја одби жалбата на осомничениот Љупчо Пецов


Апелациониот суд Скопје ја одби жалбата на осомничениот Љупчо Пецов од Неготино во случајот „Синџир“ и го потврди решението на Основниот кривичен суд Скопје со кое е одбиен предлогот за укинување на мерката притвор и определување мерка гаранција. Како што информираат од Апелациониот суд, Кривичниот совет со решение КСЖ-1214/25 од 02.12.2025 година едногласно одлучил да …

Апелациониот суд Скопје ја одби жалбата на осомничениот Љупчо Пецов Read More »

Бабиш бара ЕУ да ги вклучи земјите од Западен Балкан во шенген зоната


Новиот премиер на Чешка, Андреј Бабиш денеска, по првиот состанок со ново именуваната Влада, нагласи дека тој е за Европска Унија, но оти ЕУ не решава некои проблеми, меѓу кои и проширувањето на шенген зоната со земјите од Западен Балкан. – Не разбирам зошто ЕУ одамна не го реши проширувањето на шенген зоната со земјите …

Бабиш бара ЕУ да ги вклучи земјите од Западен Балкан во шенген зоната Read More »

Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години


 Апелациониот суд Скопје ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години. Јованов беше првостепено осуден на 12 години затвор за „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“. Тој во јануари годинава, управувајќи возило со брзина од 91 км/ч, без возачка дозвола и под дејство на алкохол, поминувајќи на црвено светло …

Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години Read More »

Јавна дебата во Аеродром за приоритетите при доделување поддршка на граѓански организации


Општина Аеродром ги поканува граѓанските организации на јавна дебата за утврдување заеднички приоритети за создавање подобри и поинклузивни политики за сите жители на нејзината територија! Дебатата ќе се одржи на 22 декември 2025 (понеделник) во 11 часот, во салата на Советот на Општина Аеродром и претставува еден вид подготовка за новиот повик што ќе биде …

Јавна дебата во Аеродром за приоритетите при доделување поддршка на граѓански организации Read More »

Саборот изгласа: Хрватска ќе го отстранува радиоактивниот отпад на границата со Босна и Херцеговина


Денес, Саборот на Хрватска го усвои Законот за изградба на Центар за отстранување на радиоактивен отпад на самата граница со Босна и Херцеговина во областа Трговска Гора. 77 пратеници гласаа за законот, 21 гласаа против, а 36 беа воздржани. Со години, Босна и Херцеговина апелираше до Хрватска да се откаже од оваа опасна идеја, која …

Саборот изгласа: Хрватска ќе го отстранува радиоактивниот отпад на границата со Босна и Херцеговина Read More »