Во Дебар тешко повреден мотоциклист


Мотоциклист е тешко повреден во сообраќајна несреќа што доцна попладнево се случи во населбата „Венец 2“  во Дебар.  -Во нашата болница беше донесено лицето Т.К.(42) од Дебар со повреди на главата, десното рамо и скршеница на десната потколеница, но во свесна состојба. Дадена му е прва медицинска помош и е имобилизиран по што со придружба …

Во Дебар тешко повреден мотоциклист Read More »

Владата го продолжи ограничувањето на трговската маржа до 30 јуни


Владата на Република Северна Македонија донесе Одлука за изменување на Одлуката за посебни услови за трговијата на одделни стоки. Со Одлуката, се продолжува примената на веќе утврдени највисоки трговски маржи, од 30 април 2023 година, до 30 јуни 2023 година, за следниве стоки: •        за леб бел (сечен на парчина или цел), …

Владата го продолжи ограничувањето на трговската маржа до 30 јуни Read More »

Знаењата за безбедноста на храната, клучни и за здравјето на децата во градинките


Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) продолжува со реализација на циклусот обуки за обновување и за стекнување на нови знаења од областа на безбедноста на храната во градинките, со цел заштита и унапредување на здравјето на децата во предучилишните установи. -Целта на едукациите е да се превенираат инциденти поврзани со небезбедна храна во предучилишните установи, …

Знаењата за безбедноста на храната, клучни и за здравјето на децата во градинките Read More »

Тројца малолетници допирале 19-годишна девојка во автобус на ЈСП


Тројца малолетници допирале 19-годишна девојка во автобус на ЈСП. – На 24.04.2023 во 15.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека во автобус на ЈСП Скопје на бул.„Илинден“, тројца малолетници од скопските села Копаница, Ласкарци и Арнакија допирале по телото 19-годишна девојка од Скопје, информираат од МВР. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ДКСК ќе отвори предмет за куќата на мајката на сопругата на претседателот на ДИК на Халкидики


Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) ќе отвори предмет за куќата на мајката на сопругата на претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски, купена пред половина година во местото Елани на Халкидики, потврдуваат од ДКСК за МИА. Од таму нагласуваат дека  можност да го проверат случајот има дава членот 96 од Законот за …

ДКСК ќе отвори предмет за куќата на мајката на сопругата на претседателот на ДИК на Халкидики Read More »

Пописот на населението во Албанија почнува на 18 септември, ќе чини 16,8 милиони евра


Пописот на населението, домаќинствата и становите во Албанија ќе почне на 18 септември и ќе трае шест седмици, соопшти државниот институт за статистика, ИНСТАТ.   Во однос на трошоците за пописот, ИНСТАТ пресметува дека ќе бидат потрошени 16,8 милиони евра, при што трошокот по жител е блиску до просекот на европските земји.   – Спроведувањето …

Пописот на населението во Албанија почнува на 18 септември, ќе чини 16,8 милиони евра Read More »

Ѓорѓиевски ги презентираше проектите за фекална и водоводна мрежа во Стаклара


Градоначалникот на Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски на денешната средба со бизнис заедницата од општината ги претстави двата капитални проекти за изградба на фекална канализација и водоводна мрежа во населбата Стаклара. – Овие проекти, изработени за многу кус период од Општина Кисела Вода, претставуваат сумиран одговор на барањата на над 500 семејства и на, безмалку, сите …

Ѓорѓиевски ги презентираше проектите за фекална и водоводна мрежа во Стаклара Read More »

Причината за автобуската несреќа кај Ласкарци не е од машинска природа


Причината за автобуската несреќа не е од машинска природа, изјави вештото лица Дамјан Мирчевски, дел од тимот што го изготви машинското супервештачење за автобуската несреќа кај Ласкарци, кој денеска во Основниот кривичен суд Скопје беше испитуван од страна на одбраната. Прашан дали доколку имало предхавариско кочење, тоа би оставило траги на асфалтот, тој одговори дека …

Причината за автобуската несреќа кај Ласкарци не е од машинска природа Read More »

Боки 13 е во болница – одложена јавната седница на Апелација


Јавната седница пред Апелација за случајот „Меѓународен сојуз“ денеска е одложена зошто обвинетиот Бојан Јовановски-Боки 13 сè уште е во лоша здравствена состојба и во болница по оперативниот зафат. Следната јавна седница се закажана за 05.06.2023 година. Јавната седница пред Апелациниот суд Скопје по кривичниот предмет КОКЖ-153/22 во јавноста познат како „Меѓународен сојуз“ закажана за …

Боки 13 е во болница – одложена јавната седница на Апелација Read More »

Киднапиран поранешен фудбалер на Партизан!


Напаѓачот на Ал Итихад од Триполи, Мухамед Забија бил киднапиран во неговата родна Либија. Како што пренесуваат локалните медиуми, тој пред неколку дена бил киднапиран од вооружената група Гнева Ал-Какли. Со него бил киднапиран и уметникот Асер Бахир, но тој во меѓувреме беше ослободен. Вујкото на Забија ја потврди оваа вест, а причините за киднапирањето …

Киднапиран поранешен фудбалер на Партизан! Read More »

Шведска протера руски дипломати


Шведските власти прогласија за персона нон грата петмина руски дипломати, изјави денеска шведскиот министер за надворешни работи Тобијас Билстром. „Шведска протерува пет руски дипломати“, рече Билстрем во интервју за СВТ. Министерството за надворешни работи на Шведска го повикало рускиот амбасадор Виктор Татаринцев и го информирал за ваквата одлука, пренесува Интерфакс. Според Билстром, Стокхолм донел таква …

Шведска протера руски дипломати Read More »

Во Шпанија оваа недела температури од 40 степени


Првиот топлотен бран годинава ќе пристигне еден месец порано од лани, па така Шпанија очекува температури и до 40 степени Целзиусови. Пролетта во Шпанија оваа недела ќе наликува на средината на летото, бидејќи во некои региони температурата ќе биде над 30 степени, а во некои и 40 степени, објави „Блумберг“. Екстремно топол воздух, кој се …

Во Шпанија оваа недела температури од 40 степени Read More »

Качувачки фестивал на кањонот во Демир Капија од 28 април до 1 мај


 Качувачки фестивал на кањонот во Демир Капија, ќе се реализира од 28 април до 1 мај, информираат од Македонско спортско качувачката федерација, на својата фејсбук-страница. Оттаму соопштуваат дека кога ја започнале идејата пред години, уште во далечната 1998 година, тогаш немале ниту знаење, ниту финансии, ниту сила да организираат качувачки фестивали, па дури во последните години успеале да го одржат континуитетот. …

Качувачки фестивал на кањонот во Демир Капија од 28 април до 1 мај Read More »

Советниците повторно не ги изгласаа 10 милиони евра што Арсовска ги бара за еко-автобуси


Со 14 гласа „за“, 4 „воздржани“ и ни еден против, советниците од Советот на град Скопје, денеска повторно не ѝ дадоа поддршка на градоначалничката Данела Арсовска за земање кредит од 10 милиони евра, за набавка на нови еко-автобуси.  Речиси истите аргументи, кои Арсовска ги изнесуваше и во минатите обиди да ги убеди советниците да дозволат …

Советниците повторно не ги изгласаа 10 милиони евра што Арсовска ги бара за еко-автобуси Read More »

Луѓето масовно бегаат од Судан


Борбите во Судан се намалија во текот на ноќта откако армијата и паравоените сили се согласија на тридневен прекин на огнот, дозволувајќи им на повеќе Суданци да ја напуштат земјата, а странските земји да ги извлечат своите државјани. Војната што избувна меѓу армијата и паравоените сили за брза поддршка (РСФ) на 15 април ги претвори …

Луѓето масовно бегаат од Судан Read More »

Стефковски ја разреши директорката на „Детска радост“ – се јадело и пиело на сметка на градинката


Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски информираше за утврдените прекршувања на Законите во работата на детската градинка „Детска радост“. – Утврдено е незаконско работење во детката градинка „Детска радост“. На предлог на Управниот одбор донесов одлука за разреѓување на директорката. Незаконско работење нема да толерирам – вели Стефковски. Детските градинки имаат за цел згрижување …

Стефковски ја разреши директорката на „Детска радост“ – се јадело и пиело на сметка на градинката Read More »

Грковска: Пораките од САД да повлијаат правосудните органи да носат професионални одлуки


Вицепремиерката за политики за добро владеење Славица Грковска изјави денеска дека одлуките на Апелацискиот суд за поништени решенија во случаи против високи профилирани лица се сериозен проблем и оти пораките што доаѓаат од САД конечно ќе повлијаат на правосудните органи дека одлуките треба да ги носат професионално, непристрасно, без влијание од друга страна. Изјавата на …

Грковска: Пораките од САД да повлијаат правосудните органи да носат професионални одлуки Read More »

Се подготвува новата Национална стратегија за консолидација на земјиште 2022-2030 година


Во Еуроп хаус (Europe House) денеска беше означен почетокот на подготовката на новата Национална стратегија за консолидација на земјиште 2022-2030 година во рамките на проектот финансиран од Европската Унија „Унапредување на консолидацијата на земјиштето во Северна Македонија“. Проектот е ко-финансиран и спроведуван од Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите нации (ФАО), во тесна соработка …

Се подготвува новата Национална стратегија за консолидација на земјиште 2022-2030 година Read More »

Сообраќајка меѓу „мерцедес“ и тротинет


Во понеделникот, во 13.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од бул.„Гоце Делчев“ и ул.„Филип Втори Македонски“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.И.(46) од с.Батинци, скопско и електричен тротинет, управуван од Л.С.(59) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Л.С., …

Сообраќајка меѓу „мерцедес“ и тротинет Read More »

Малолетник возел „пежо“, па учествувал во сообраќајка


Во понеделникот, во 22.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од бул.„Босна и Херцеговина“ и ул.„Ќемал Сејфула“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди а4“, управувано од А.Т.(22) од Скопје и патничко возило „пежо 107“, управувано од малолетник од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки. Во несреќата со тешки …

Малолетник возел „пежо“, па учествувал во сообраќајка Read More »