(Видео) РТС: Се слушаат детонации во Косово, многу повредени од двете страни


Како што јави дописникот на РТС, има многу повредени од двете страни, се слушаат истрели и детонации. Повредените се сместени во Здравствениот дом во Звечан, а оние со посериозни повреди се пренесени во болницата во Косовска Митровица. Хеликоптер на КФОР ја надлетува областа. Во Лепосавиќ и Зубин Поток немаше тензии, а граѓаните се разотидоа и …

(Видео) РТС: Се слушаат детонации во Косово, многу повредени од двете страни Read More »

Избор за највело општина во Скопје и околината


Здружението на граѓани Центар за одржливи иницијативи, во соработка со групата ентузијасти со цел подобро велосипедско Скопје – НаТочак, ја воведува наградата „Највело општина во Скопскиот плански регион“ за 2023 година. – Позитивните страни на користењето велосипед се бројни и веќе докажани. Една од нив е дека со возење велосипед, емисиите на стакленички гасови се …

Избор за највело општина во Скопје и околината Read More »

Ограбена обложувалница во Ѓорче Петров


Минатата ноќ била ограбена спортска обложувалница во Ѓорче Петров. -Денеска (29.05.2023) во 01.25 часот било пријавено дека во спортска обложувалница на подрачјето на Ѓорче Петров, едно лице со закана од вработениот одзело пари, соопшти МВР. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Запалени и оштетени возила и нападнати новинари на косовски медиуми во северно Косово


Возило на телевизијата ТЕВЕ1 беше запалено во Зубин Поток, откако претходно беа нападнати новинари и беа оштетени, исцртани со српски и руски националистички симболи и исфарбани со боја, неколку други возила на медиуми на албански јазик кои известуваат од протестите на локалните Срби во северно Косово, јави МИА од Приштина. Новинарот на ТЕВЕ1, Члиримтар Морина, …

Запалени и оштетени возила и нападнати новинари на косовски медиуми во северно Косово Read More »

Лога го потпиша Упатството за изводите на родени, венчани и умрени да има графа за етничка припадност


Министерот за правда Кренар Лога го потпиша Упатството за изменување и дополнување на Упатството   за начинот на водење, заштита и чување на матичните книги и списи; издавање на изводи, уверенија, преписи и копии врз основа на матичните книги; водење постапка и составување на записник за најдено дете; обновување на уништени, оштетени или исчезнати матични книги, како …

Лога го потпиша Упатството за изводите на родени, венчани и умрени да има графа за етничка припадност Read More »

Спасовски за настаните во Општина Арачиново: Да се решат недоразбирањата


Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, прашан за настаните во Општина Арачиново, посочи дека преземени се мерките од страна на институциите но упати порака до тие што, како што рече, ги прават конфликтите заради нерасчистени лични интереси. Тој рече дека граѓаните не можат да бидат заложници на никакви лични или политички интереси. Спасовски информираше дека …

Спасовски за настаните во Општина Арачиново: Да се решат недоразбирањата Read More »

(Видео): Загина возач во тешка сообраќајка на патот Штип – Кочани


Од 12.50 часот во прекин е сообраќајот на експресниот пат Штип – Кочани поради сообраќајна несреќа. Едно лице загина во тешката сообраќајна несреќа што се случи на експресниот пат Штип-Кочани во близина на клучката кај Крупиште. Портапролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова за МИА потврдува дека сообраќајната несреќа се случила околу 13 часот меѓу две товарни …

(Видео): Загина возач во тешка сообраќајка на патот Штип – Кочани Read More »

АХВ: Досега нема ниту една увозна пратка со домати позитивна на пестициди


Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги демантира изнесените ставови на денешната прес-конференција на Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ, на која обвинува дека надлежните државни органи дозволиле увоз на небезбеден зеленчук со концентрации на пестициди над максимално дозволените концентрации. -Документите кои ги презентираше Трипуновски не се тајна, напротив, тие се само уште една потврда дека државата …

АХВ: Досега нема ниту една увозна пратка со домати позитивна на пестициди Read More »

Таблети во здравствени и полициски установи за помош при комуникација на глувите и наглувите


Националниот сојуз на глуви и наглуви (НСГНРСМ) денеска во Домот на хуманитарни организации „Даре Џамбаз“ во Скопје го промовира пилот проектот „Дигитален толкувачки сервис за глуви и наглуви“. Со него се предвидува да бидат поставени таблети на повеќе точки во одредени иституции, како министерствата за внатрешни работи, за здравство и други министерства. Повеќе од седум …

Таблети во здравствени и полициски установи за помош при комуникација на глувите и наглувите Read More »

Училиштето во Пинтија ќе добие затворен спортски објект


Затворен спортски објект во Подрачното основно училиште „Рајко Жинзифов“ во Пинтија ќе гради Општина Кисела Вода. Оваа иницијатива на градоначалниот Орце Ѓорѓиевски, која денеска ја поддржа Советот, на младите од овој дел на градот ќе им овозможи осовременување на наставата по физичко образование и услови за дополнителни спортски активности, информира Општината. Изградбата на овој спортски …

Училиштето во Пинтија ќе добие затворен спортски објект Read More »

Објавен оглас за 40 вработувања во Здравствен дом – Скопје


Објавен е оглас со којшто во Здравствен дом – Скопје наскоро ќе бидат вработени околу 40 здравствени работници, кадар што ќе биде ангажиран во Брзата помош и превентивните пунктови, најави директорот на оваа здравствена установа, Виктор Исјановски. При денешната посета на новата амбуланта во општина Бутел Исјановски соопшти дека огласот е објавен во весниците „Слободен …

Објавен оглас за 40 вработувања во Здравствен дом – Скопје Read More »

Поскапуваат Евросупер БС-98 и Екстра лесното масло за домаќинство


Од полноќ за половина денар поскапуваат Еуросупер БС-98 и Екстра лесното масло за домаќинство. Цената на Еуросупер БС-95 и Еуродизелот останува непроменета. Согласно денешната одлука на Регулаторната комисија за енергетика, новата цена на Еуросупер БС-98 ќе биде 83 денари, а на Екстра лесното масло за домаќинство 68 денари за литар. Цената на Еуросупер БС-95 останува …

Поскапуваат Евросупер БС-98 и Екстра лесното масло за домаќинство Read More »

Измамиле граѓани продавајќи им празни цедеа за учење странски јазици


Единицата за внатрешни работи Одделението за криминалистички работи Карпош при СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.В.(30) и Д.В.(36), двајцата од Велес, поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела „измама“, казниво по чл. 247 и кривично дело „посебни случаи на фалсификување на исправи“ казниво по чл. 378 од Кривичниот законик. – Имено, во координација …

Измамиле граѓани продавајќи им празни цедеа за учење странски јазици Read More »

Шукова: Потребна е сериозна имплементација на законите за управување со отпад


Сите заедно како партнери да собереме сили и конечно да почнеме со сериозна имплементација на законите за управување со отпад, истакна денеска министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова на конференцијата „Имплементација на кружна економија во управувањето со цврстиот отпад“. Според министерката Шукова, планираното треба да се реализира затоа што во државата веќе …

Шукова: Потребна е сериозна имплементација на законите за управување со отпад Read More »

Одмрзнуваат цените на земјоделските производи, струјата нема да поскапи


Нема да продолжи мерката за замрзнување на цените на земјоделските производи, имајќи предвид дека цената на одредени производи веќе е пониска од утврденото ниво. Инфлацијата во делот на прехранбените производи нагло се намалува, така што очекуваме во јуни инфлацијата во земјата да биде пониска од десет насто. Тоа денеска го истакна министерот за економија, Крешник …

Одмрзнуваат цените на земјоделските производи, струјата нема да поскапи Read More »

(Видео) Бислимоски за евтината тарифа


претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски најави евтина тарифа, за што ги прават последните подготовки. Како што рече, во следните 10-15 дена, ќе информираат кога точно ќе се воведе, односно ќе почне евтината тарифа, која бепе укината кога бевме соочени со енергетската криза. 

Алиу и Пендаровски промовираа нови електронски услуги


Во рамки на заложбите за континуирана и забрзана дигитална трансформација, министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу и претседателот Стево Пендаровски денеска во ЕТУ-Куманово промовираа четири нови е-услуги: Првата услуга е: Контрола на листата на логови за спроведен пристап до личните податоци на корисникот. ,,Услугата обезбедува издавање на листа на логови за спроведен пристап …

Алиу и Пендаровски промовираа нови електронски услуги Read More »

Пресудата за модуларната болница во Тетово на 5 јуни


Во Основниот суд во Тетово денес се одржаа завршните зборови на Обвинителството и одбраната на обвинетите кои се товарат за неколку кривична дела поврзани со пожарот во модуларната болница во септември 2021 година кога животите ги загубија 14 луѓе. По речиси час и половина образложување, судијата Јордан Велковски истакна дека заврши главната расправа и дека …

Пресудата за модуларната болница во Тетово на 5 јуни Read More »

Шангај го забележа најтоплиот ден во мај во последните 100 години


Во Шангај денеска е евидентиран најтоплиот мајски ден во последните 100 години, соопшти метеоролошката служба на тој град во источна Кина. „Во 13:09 часот (5:09 часот по Гринич), температурата на станицата Суџиахуи достигна 36,1 степени Целзиусови, што го собори 100-годишниот рекорд за највисока температура за месец мај“, соопшти официјалниот портал на кинеската метеоролошка служба преку …

Шангај го забележа најтоплиот ден во мај во последните 100 години Read More »