Скопјанец нападнал вработен во казино во Аеродром


Денеска во 04.20 часот во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Аеродром го привеле Д.С.(31) од Скопје затоа што околу 03.17 часот во казино на подрачје на Аеродром физички нападнал вработен како обезбедување. Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Изгаснат пожарот на Сува Гора каде гореше борова шума


По околу шест часа изгаснат е пожарот во борова шума на планината Сува Гора во атарот на село Милетино во општина Брвеница. Пожарот, како што информираа од Центарот за управување со кризи, е изгаснат околу 17 часот. Интервенцијата за гаснење почна од 11 часот од страна на тетовските пожарникари и на три противпожарни авиони „ер-трактор“ …

Изгаснат пожарот на Сува Гора каде гореше борова шума Read More »

Вучиќ кај Бајден: Ја потврдивме посветеноста за подобрување на билатералните односи


Српскиот претседател Александар Вучиќ присуствуваше на официјалниот прием на американскиот претседател Џозеф Бајден. Пред тоа, за време на гостувањето на американската телевизија Њузмакс, изјави дека се плаши од ескалацијата на мерките што неодамна ги презеде косовскиот премиер Албин Курти и да Белград очекува „јасен сигнал“ од администрацијата на САД и ЕУ, јави дописникот на МИА …

Вучиќ кај Бајден: Ја потврдивме посветеноста за подобрување на билатералните односи Read More »

Медицинската сестра од Онкологија зела лекови вредни 1.000 евра


 Јавното обвинителство поднесе обвинение за „проневера“ против медицинската сестра од Клиниката за онкологија која крадела цитостатици. Осомничената не е достапна за органите на прогонот. – Јавното обвинителство против неа поднесе два обвинителни предлози за кривични дела – „проневера“ во службата од член 354 од Кривичниот законик. Во текот на претходната постапка, Обвинителството обезбеди докази дека …

Медицинската сестра од Онкологија зела лекови вредни 1.000 евра Read More »

Македонските фудбалерки поразени од Бугарија во Лигата на нации


 Македонската женска фудбалска репрезентација со пораз го почна настапот во новоформираната Лига на нации, откако попладнево во Скопје загуби од Бугарија со 1-0 (1-0) во рамки на првото коло во групата Ц 5. Бугарките во раната фаза од натпреварот го отворија резултатот со голот на Јоана Станкова во 4-тата минута што на крајот се покажа …

Македонските фудбалерки поразени од Бугарија во Лигата на нации Read More »

Се шири голем шумски пожар во близина на Палермо, училиштата затворени


 Голем шумски пожар во близина на Палермо се шири и го загрозува главниот град на Сицилија, а училиштата во околните населби се затворени, јавија денеска италијанските медиуми. Жителите на предградието Бранкачо поминаа непроспиена ноќ на покривите на своите куќи, како што тоа го правеа во јули кога областа исто така беше зафатена од шумски пожари, …

Се шири голем шумски пожар во близина на Палермо, училиштата затворени Read More »

Тренчевска: Во вторник средба со работната група за барањата на пензионерите


Министерката за труд и социјална работа, Јованка Тренчевска денеска истакна дека работната група за барањата на пензионерите работи во континуитет и информира дека следниот вторник ќе ја одржат следната средба. -Работната група работи во континуитетот од кога е формирана. Следниот вторник ќе има состанокот. Имаме веќе некакви предлог мерки коишто ги дискутираме за коишто прибавуваме …

Тренчевска: Во вторник средба со работната група за барањата на пензионерите Read More »

Пороен дожд, грмежи и локално невреме во недела и во понеделник


Под влијание на влажен бран в недела на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално и во форма на невреме. Пороен дожд и грмежи ќе има и в понеделник. Повеќе врнежи во овие два дена ќе има во западните делови, каде што локално се очекува да наврнат над 30 …

Пороен дожд, грмежи и локално невреме во недела и во понеделник Read More »

Апаратчињата за дијабетичарите стигнаа во инсулинските аптеки, но во пластични ќесиња


По неколкуте протести и средби со министерот за здравство, во инсулинските аптеки се дистрибуирани апаратчиња за мерење шеќер и ленти, но не во доволен број и без несесер, кутија, без „пенкала“ и со задоцнување од девет месеци. Иако министерот Фатмир Меџити најави дека уште во август дијабетичарите ќе ги добијат апаратчињата и лентите кои има …

Апаратчињата за дијабетичарите стигнаа во инсулинските аптеки, но во пластични ќесиња Read More »

ЕК му изрече нова казна на „Интел“ за моноплски практики на пазарот за компјутерски процесори


Европската Комисија денеска и изрече нова казна од 376,36 милиони евра на американска мултинационална технолошка корпорација „Интел“ за претходно утврдена злоупотреба на доминантната позиција на пазарот за компјутерски чипови, соопшти денеска ЕК. Според Еврокомисијата, „Интел“ применувал низа антиконкурентски практики насочени кон исклучување на конкурентите од релевантниот пазар на централни процесорски единици, со што ги прекршил …

ЕК му изрече нова казна на „Интел“ за моноплски практики на пазарот за компјутерски процесори Read More »

МОН: Платите на наставниците од овој месец се зголемуваат за 15%


Платите на наставниците и на другите вработени во основните и средните училишта продолжуваат да се зголемуваат. Како резултат на заложбата за создавање квалитетно образование кое се темели на мотивирани наставници,  министерот за образование и наука Јетон Шаќири и претседателот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура, Јаким Неделков потпишаа спогодба која предвидува зголемување на …

МОН: Платите на наставниците од овој месец се зголемуваат за 15% Read More »

Ленче Ристоска како навреда ги доживува измените на Кривичниот законик


За дел од случаите кои се во тек, а се засегнати од измените на Кривичниот законик, со кои се намалија казните за дел од коруптивните кривични дела, ќе мора да се направат измени за да се извлече максимум, смета обвинителката Ленче Ристоска. – Измените на кривичниот законик, би рекла дека и те како влијаат на …

Ленче Ристоска како навреда ги доживува измените на Кривичниот законик Read More »

Грковска: Степенот на независност на судскиот ситем зависи од индивидуалните карактеристики


Политичари стануваа дел од правосудниот систем, но само личниот интегритет стои помеѓу влијанието и професионлното завршување на работата на вработените во правосудниот систем. – Во минатото имаше прилично голема политичка инвазија на политичари кои потоа станаа дел од правосудниот систем. Се разбира дека има влијание и денеска на тоа што се случува во правосудниот систем. …

Грковска: Степенот на независност на судскиот ситем зависи од индивидуалните карактеристики Read More »

Иванчо Ивановски 30 години увезува и дистрибуира македонски производи во САД


Компанијата „Фаст Пак Трејдинг“, во сопственост на Иванчо Ивановски, основана пред 30 години, врши дистрибуција на над 1.000 различни македонски производи во сите сојузни држави на САД. Деновиве, дистрибутивниот центар на Ивановски го посетија вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, заедно со претседателот Стево Пендаровски, во рамки на …

Иванчо Ивановски 30 години увезува и дистрибуира македонски производи во САД Read More »

Апаратите ви се расипуваат таман кога ќе истече гаранцијата? ЕУ воведува нов закон за вградени дефекти


Билјана Борзан, автор и преговарач на Европскиот парламент за Законот за зајакнување на потрошувачите, на прес-конференцијата презентираше што е постигнато во текот на преговорите меѓу Европскиот парламент, Советот и Комисијата, пренесува ХРТ. Со новиот закон, најави таа, „ги казнуваме вградените дефекти, воведуваме ознака за времетраењето на уредот и забрануваме голем број лажни тврдења на пазарот“. …

Апаратите ви се расипуваат таман кога ќе истече гаранцијата? ЕУ воведува нов закон за вградени дефекти Read More »

Нагло поевтинија становите и куќите во Германија


Цените на станбените недвижности во Германија нагло паднаа во вториот квартал, покажаа денеска податоците на заводот за статистика, како одраз на влијанието на високите каматни стапки врз побарувачката. Цените на недвижностите потонаа во периодот од април до јуни за 9,9 отсто во споредба со истиот период минатата година, што е најсилно откако Дестатис почна да …

Нагло поевтинија становите и куќите во Германија Read More »

Македонските фудбалерки против Бугарија на премиерата во Лигата на нации


Македонската женска фудбалска репрезентација денеска во Скопје против селекцијата на Бугарија ќе го одигра премиерниот натпревар во новоформираната Лига на нации на УЕФА. Натпреварот, што е на програмата попладнево од 15 часот на ФФМ Комплексот „Петар Милошевски“ е во рамки на групата 5 во Ц – дивизијата во која третиот претставник е Косово. Македонските фудбалерки …

Македонските фудбалерки против Бугарија на премиерата во Лигата на нации Read More »

Еден од најдобрите универзитети во Кина го укина тестот по англиски јазик како услов за диплома


Еден од најдобрите универзитети во Кина ги укина тестовите по англиски јазик како предуслов за дипломирање, што повторно ја поттикна дебатата за улогата на овој светски јазик во образовниот систем на земјата, јави Си-Ен-Ен.  Универзитетот Сиан Џиаотонг, во главниот град на провинцијата Шанси, соопшти дека од студентите повеќе нема да се бара да полагаат национален …

Еден од најдобрите универзитети во Кина го укина тестот по англиски јазик како услов за диплома Read More »

Во Кривичен продолжи судењето за „Траекторија”


Во Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжи судењето за постапката за избор на компанија за изградба на автопатите Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид познатата како „Траекторија“. Предметот се наоѓа во доказна постапка и во него се обвинети поранешниот премиер Никола Груевски, кому му се суди во отсуство, поранешниот министер за транспорт и врски …

Во Кривичен продолжи судењето за „Траекторија” Read More »

Промоција и брендирање на македонската органска храна и вино во паркот во Ѓорче Петров


Во организација на здружение на граѓани Еко Партнерс на 23 септември (сабота) во 18 часот во паркот во Ѓорче Петров четврта година по ред ќе се организира настан ,,Ден на органско производство и форум за еко туризам преку регионални практики,, спонзориран од Министерство за земјоделство,шумарство и водостопанство,23 септември дополнително e ,,Ден на органското производство на …

Промоција и брендирање на македонската органска храна и вино во паркот во Ѓорче Петров Read More »