Со извршители Општина Битола си го врати репрезентативниот објект „Соколаната“, закупецот ја реиздавал, а не плаќал редовно кирија


БИТОЛА – Репрезентативниот објект познат како „Соколаната“ сместен во Градскиот парк во Битола денеска со извршители ѝ се врати на Општина Битола. Од Општина Битола за „Независен“ потврдуваат дека локалната власт утрово го презеде објектот оти закупецот го реиздаваше, а во исто време ненавремено ги регулираше обврските кон Општината. „Согласно донесеното решение од Апелацискиот суд, …

Со извршители Општина Битола си го врати репрезентативниот објект „Соколаната“, закупецот ја реиздавал, а не плаќал редовно кирија Read More »

Битола ја губи приказната „Град на конзулите“


  БИТОЛА – Битола од година до година ја губи приказната за град на конзулите, градена од крајот на 19 век па наваму. За жал денес може да се констатира со сигурност дека во градот останаа уште четворица почесни конзули, битолчани, наспроти фактите дека претходната деценија таа бројка изнесуваше околу 15 почесни дипломатски претставништва и …

Битола ја губи приказната „Град на конзулите“ Read More »

Се затвараат дуќани на Широк Сокак и во Старата битолска чаршија, битолчани нагрнаа во новиот мол


БИТОЛА – Кратко по отворањето на новиот трговски центар „Блис“ на излезот од Битола кој нуди неколку брендови, присутни и во скопските молови, дуќанџиите од Битола веќе бројат загуби и најавуваат затворање на бизнисите. Економисти од градот сметаат дека помалите трговци не се подготвени да се спротивстават на ниските и промотивни цени на големите брендови …

Се затвараат дуќани на Широк Сокак и во Старата битолска чаршија, битолчани нагрнаа во новиот мол Read More »

Модната писта на „Илинденски денови“ во Битола за миг го засени фолклорот


  БИТОЛА – Битола деновиве е центар на фолклорот од светот цели 13 дена како домаќин на над 1.200 играорци учесници на Интернационалниот фестивал „Илинденски денови“. Фестивал кој буди носталгија за минатото, убави спомени за народната песна, танцот и народната носија, воедно стана инспирација на младите генерации модни дизајнери, да се интересираат за фолклорот и …

Модната писта на „Илинденски денови“ во Битола за миг го засени фолклорот Read More »

„Истрчав низ огнот за да куртулам“: Пожарникарот Тодорчевски раскажува за пеколот на пожарот кај Битола


  БИТОЛА – По осум дена поминати во болница, битолскиот пожарникар Александар Тодорчевски – Ато (49) се врати дома жив. Зараснуваат повредите од големите изгореници на рацете, лицето, делови од грбот и бутините, но левата шака сѐ уште е нефункционална и обвиткана со завој. И покрај нараснатите меури од изгорениците на десната рака, Ато, како …

„Истрчав низ огнот за да куртулам“: Пожарникарот Тодорчевски раскажува за пеколот на пожарот кај Битола Read More »

Туристи од Европа доаѓаат по парче воздух на Пелистер


  БИТОЛА – „Овде е многу убаво, планината е прекрасна, планинскиот воздух неверојатен, водата… ќе дојдеме повторно, тука се дише со полни гради, доаѓаме за парче воздух“, вака вели туристка од Чешка која овие денови престојуваше со група планинари во хотелот „Молика“ на Пелистер. Бројни гости од Европа и посебно од Балканот ова лето одмараат …

Туристи од Европа доаѓаат по парче воздух на Пелистер Read More »

Кривична пријава против директорката на ученички дом во Битола


  БИТОЛА – Битолската полиција поднесе кривична пријава против Елена Спасеновска, актуелна директорка на Средношколскиот дом „Мирка Гинова“ Битола за злоупотреба на службената положба и оштетување на Буџетот на МОН, истрага која започна по новинарските пишувања на дописникот на „Независен“ од Битола. Вчера СВР Битола до Основното јавно обвинителство Битола поднесе кривична пријава против 57-годишната …

Кривична пријава против директорката на ученички дом во Битола Read More »

Кучиња скитници и напуштени миленици „сеат“ страв низ Битола


БИТОЛА – Алармантна е состојбата ова лето со кучињата скитници низ Битола и најновиот тренд на битолчани да ги напуштат домашните миленици кои се однесуваат агресивно. Речиси да нема ден во полицискиот билтен да нема евидентирано по еден, два и некогаш по три случаи на каснати граѓани од кучиња скитници. Битолчани, но и гостите во …

Кучиња скитници и напуштени миленици „сеат“ страв низ Битола Read More »

Битолчани со кола одат на кафе на Широк Сокак и се паркираат на диво за да не платат за паркинг


БИТОЛА – Сериозна во континуитет е ситуација со диво паркираните возила низ Битола, особено во централното градско подрачје и уличките околу Широк Сокак. Платениот паркинг често е празен додека се бара начин како да се паркира во споредна уличка за да се избегне трошокот за паркирање. Возачите како едвај да чекаат да заврши училишната година …

Битолчани со кола одат на кафе на Широк Сокак и се паркираат на диво за да не платат за паркинг Read More »

Реткост е да славиш 60 години од матурата заедно со класната


БИТОЛА – Реткост е да се чуе дека после 60 години од матурата, учениците слават јубилеј заедно со класната. Тоа на големо задоволство им се случува на генерацијата 1963/64 во Средното економско училиште -„Јане Сандански“ во Битола. Токму шеесет години од матурата викендов прослави класот на професорката по македонски јазик, Љупка Балојани. Професорката Балојани, ја …

Реткост е да славиш 60 години од матурата заедно со класната Read More »

Директорка од Битола понижувала, психички и физички малтретирала вработени, утврди Трудовата инспекција


Директорка на државна институција од Битола, под капата на МОН, понижувала, вознемирувала и ментално малтретирала вработени на работно место, а една од вработените и физички ја нападнала, утврдила Трудовата инспекција од Битола и целиот предмет, заради тежината на обвинувањата кои влегуваат во доменот на кривично дело, го предала до Основното јавно обвинителство во Битола да …

Директорка од Битола понижувала, психички и физички малтретирала вработени, утврди Трудовата инспекција Read More »

Почна бербата на тутунот во Пелагонија, берачи нема ни за „лек“


  БИТОЛА – Почна бербата на тутунот во Пелагонија, ама берачи нема ни за „лек“, се жалат тутунарите кои го години наназад произведуваат поголеми количини на тутун. Тутунот годинава е со одличен квалитет оти и расадот беше добар, а се погодија и временските услови за расадувањето. Она што во континуитет години назад ги загрижува производителите …

Почна бербата на тутунот во Пелагонија, берачи нема ни за „лек“ Read More »

Фабриката „Кромберг и Шуберт“ и Општина Битола градат нова градинка


  БИТОЛА – Во Битола како своевиден феномен може да се толкува состојбата во која се празнат училишните клупи, а нема место во градинките за згрижување на најмалите. На крајот на секоја учебна година и пред почетокот на летото секогаш се разгорува прашањето, дали наесен ќе се најде место во градинките за згрижување на децата …

Фабриката „Кромберг и Шуберт“ и Општина Битола градат нова градинка Read More »

„Воскресна“ клубот „Иван Михајлов“ во Битола, живо и распеано


  БИТОЛА – „Воскресна“ бугарскиот клуб „Иван Михајлов“ во срцето на Битола за време на празникот посветен на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј, дента на 24 мај. Живо и распеано, како ретко кога досега, поминал празникот во седиштето на сега згаснатото здружение „Клуб Иван Михајлов“ во Битола. Речиси триесетина млади хористи од Бугарија настапиле …

„Воскресна“ клубот „Иван Михајлов“ во Битола, живо и распеано Read More »

Само Битола има туристи кои остануваат по четири месеци во градот 


  БИТОЛА – Само Битола има туристи кои во градот остануваат по три до четири месеци, како ретко каде на друго место, велат искусни туристички работници од Битола, анализирајќи ги проблемите, состојбите со туризмот и туристичката понуда на градот. Најбројни туристи во Битола се дефинитивно Турците, години наназад, привлечени од историските приказни за Битола и …

Само Битола има туристи кои остануваат по четири месеци во градот  Read More »

Инспекциите ќе го доведуваат во ред ширењето на кафулињата на Широк Сокак


  БИТОЛА – Инспекциски контроли од Општина Битола, почнаа да ги контролираат и предупредуваат битолските угостители на најамбиеталната улица Широк Сокак во градот, да ги потсоберат масите од кафетериите за да можат да поминуваат пешаците. Вака како што е ситуација со „распосланите“ маси од кафетериите во последните години, шетачите по Широк Сокак едвај можат да …

Инспекциите ќе го доведуваат во ред ширењето на кафулињата на Широк Сокак Read More »

Во Битола се гради нов противпожарен дом


  БИТОЛА – Битола почна со градежните активности за изградба на нов противпожарен дом, капитална инвестиција ветена од трите последни локални власти. Локацијата е во старата касарна, на терен кој инфраструктурно овозможува лесен пристап на противпожарната служба. Последните неколку недели се работи на терен, најпрво со уривање на стариот објект, поранешен армиски магацин од поранешната …

Во Битола се гради нов противпожарен дом Read More »

Битолчани ги затворија парите во скапи станови, за квадрат плаќаат и по 1.350 евра


  БИТОЛА – Неверојатно високи цени за метар квадратен достигнаа новите станбени згради во Битола кои се градат во населбата Златен рид и на локации низ централното градско подрачје. Цените за метар квадратен нова станбена површина се движат од 1.300 до 1.600 евра, исто како во одредени градски населби во Скопје. Новите градби „од земја“, …

Битолчани ги затворија парите во скапи станови, за квадрат плаќаат и по 1.350 евра Read More »

Гордана ја отвори, Стево ја затвори изборната арена во Битола


  БИТОЛА – Гордана Силјановска-Давкова ја отвори, а Стево Пендаровски ја затвори изборната арена за претседателските избори во Битола. Случајно или не, кандидатите на помалите политички партии поминаа и заминаа речиси нечујно на теренот во Битола. Во суштина сите седум кандидати, кратко се задржаа на битолската политичка сцена, и повторно впечатокот е дека битката е …

Гордана ја отвори, Стево ја затвори изборната арена во Битола Read More »

Во Битола, кампањата за парламентарните избори ја поклопи онаа за претседателските


  БИТОЛА – Во Битола се чини дека претседателските се во длабока сенка на парламентарните  избори.  Впечатокот е дека партиите предвреме ја започнаа кампањата за парламентарните избори, а многу малку посветуваат внимание на претседателските кандидати. Широк Сокак врие од народ во секој час од денот, а кафето не поминува без политика. „Во Битола одамна не …

Во Битола, кампањата за парламентарните избори ја поклопи онаа за претседателските Read More »