На актуелниот директор на Музејот на албанската азбука ќе му се суди за проневера на пари


  БИТОЛА – Историчарот Нуер Арслани се врати на чело на Музејот на албанската азбука во Битола во ситуација кога за него почнува судски процес во Основниот суд во Битола за проневера на над 4 милиони денари државни пари. Основното јавно обвинителство против него покрена обвинение за продолжено кривично дело – Злоупотреба на службената положба …

На актуелниот директор на Музејот на албанската азбука ќе му се суди за проневера на пари Read More »

Музејот во Јени џамија блесна пред Денот на албанската азбука во Битола


  БИТОЛА – Бурни реакции во македонската и особено битолската јавност предизвика отворањето на Музејот на христијанското и исламското културно наследство, сместен во Јени џамија во Битола, каде во нејзините темели се наоѓа некогашната катедрална црква „Свети Ѓорѓи“. Случајно е отворањето на Музејот Јени Џамија во предвечерието на денот на албанската азбука,  категорични се од …

Музејот во Јени џамија блесна пред Денот на албанската азбука во Битола Read More »

Напнато во битолската ЛДП: Да се оди со ВМРО-ДПМНЕ или не?


  БИТОЛА – Битолската организација на Либерално-демократската партија (ЛДП) ја отворила дебатата дали да ѝ сврти грб на СДСМ и да се здружи со ВМРО-ДПМНЕ.  Членови на ЛДП од Битола велат дека понудата била целосно политички непринципиелна, затоа што лидерката на партијата, Моника Зајкова, уште се гледа на билбордите со Димитар Ковачевски како коалиција со …

Напнато во битолската ЛДП: Да се оди со ВМРО-ДПМНЕ или не? Read More »

Судењето на претседателот на згаснатиот клуб „Ванчо Михајлов“ се одовлекува до недоглед


  БИТОЛА – Битолската обвинителката Оливера Нечаковска побара казна за скопскиот адвокат Насер Рауфи поради злоупотреба на правата од Законот за кривичната постапка со цел одолговлекување на судскиот процес во кој обвинет е Љупчо Георгиевски, екс-претседателот на сега згаснатиот бугарски клуб во Битола „Ванчо Михајлов“. Клубот „Ванчо Михајлов“ е избришан од Централниот регистер, ама сега …

Судењето на претседателот на згаснатиот клуб „Ванчо Михајлов“ се одовлекува до недоглед Read More »

Крилјата за сурфање на „Брејнчајлд“ од Битола „летаат“ низ целиот свет


  БИТОЛА – Шареноликост од бои и современи дизајни налик на крилја од рајски птици наликуваат платната за сурфање на вода што ги произведува германската фабрика „Брејнчајлд продукција“ во Битола. Во производствената хала сместена во старата индустриска зона во Битола вредно се работи на секој еден детаљ на материјалите од кои се шијат и изработуваат …

Крилјата за сурфање на „Брејнчајлд“ од Битола „летаат“ низ целиот свет Read More »

Венко Филипче ќе остави членовите сами да ги бираат локалните лидери на СДСМ


  БИТОЛА – Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, ќе остави општинските организации сами да си изберат локален партиски лидер. Ваквиот потег на Филипче е оценет како позитивен и демократски од страна на повеќето сопартијци во Битола. Пред Нова година ќе треба да се гласа за нови раководства на локалните партиски организации на СДСМ, вклучително и …

Венко Филипче ќе остави членовите сами да ги бираат локалните лидери на СДСМ Read More »

Таксистите ќе исчезнат од Битола ако не се зголеми цената за нивните услуги


  БИТОЛА – Ако не поскапи такси превозот во Битола ќе нема кој да вози ноќе, оти за таксистите е неисплатливо. Ваква е состојбата во Битола, откако во изминатите години постојано се намалува бројот на лиценцирани такси превозници, па од 400 лиценцирани такси превозници сега градот има околу 60 такси возачи кои се во такси …

Таксистите ќе исчезнат од Битола ако не се зголеми цената за нивните услуги Read More »

Јени џамија во Битола ќе биде музеј на христијанско–исламското културно наследство


  БИТОЛА – Музеј на христијанската и исламската култура ќе биде новата намена на Јени џамија во Битола, сместена во срцето на градот.  Џамијата, која е еден од најзначајните историски споменици во Битола оставена како сведоштво за отоманската архитектура од 16. век, ќе добие нова намена, најавуваат од Завод и Музеј Битола, институција која прославува …

Јени џамија во Битола ќе биде музеј на христијанско–исламското културно наследство Read More »

Битола го отвори првото прифатилиштето за бездомни кучиња


БИТОЛА – Општина Битола го изгради и го отвори прифатилиштето за бездомни кучиња. Прифатилиштето „Хачико“ обезбедува хуман третман на животните, а максималниот капацитет за сместување е околу 55 кучиња. Прифатилиштето ќе значи организираното и системско решавање на проблемот со бездомните кучиња во Битола, велат од општината, откако со години наназад граѓаните реагираа на зголемениот број …

Битола го отвори првото прифатилиштето за бездомни кучиња Read More »

Двајца врвни лекари загинаа утрово во сообраќајката кај Прилеп


  БИТОЛА – Двајца врвни лекари од приватната болница „Плодност“ Битола, загинаа утрово во сообраќајката кај индустриската зона во Прилеп. Загинаа примариус доктор Александар Ристески, радиолог и гинекологот д-р Никола Василески. Животот го загуби и Фанче Јованоска рендген техничар во болницата, дознава порталот „Апла“. Официјално СВР Битола соопшти дека на 03.10.2024 во 07.51 часот во …

Двајца врвни лекари загинаа утрово во сообраќајката кај Прилеп Read More »

Инцидент на граничниот премин Меџитлија – граничен полицаец побарал лекарска помош


БИТОЛА – Инцидент се случил утрово на граничен премин Меџитлија на македонско-грчката граница кога претпоставен од граничната полиција наводно физички и вербално нападнал вработен полицаец. Според наши извори инцидентот се случил околу 8 часот кога се менувала смената, а причината за инцидентот засега е непозната. Нападнатиот полицаец после 10 часот побарал лекарска помош  во Клиничката болница …

Инцидент на граничниот премин Меџитлија – граничен полицаец побарал лекарска помош Read More »

Сточарите се во криза за сточна храна


БИТОЛА – Во голема криза се македонските сточари за сточна храна. Сушата си го направи своето, па се бара чаре како да се преживее зимата. Јагмата е за силажа. Стоката има потреба од крма и таа е во предност пред сеното поради подобриот квалитет. Сточарите велат дека во модерното сточарство, силажата со секој ден има …

Сточарите се во криза за сточна храна Read More »

Агенциите за привремени вработувања го празнат буџетот за плати во јавите претпријатија во Битола


БИТОЛА – Неиспочитувани правни процедури или политички инает ги кочат вработувањата во јавните претпријатија во Битола, па наместо директно вработување, нововработените се ангажираат преку Aгенции за привремени вработувања. Ваквиот начин на вработувања одлева дел од буџетот за плати од јавните претпријатија на конто на агенциите за привремени вработувања во државата. Вработувањата тешко поминуваат во Советот на …

Агенциите за привремени вработувања го празнат буџетот за плати во јавите претпријатија во Битола Read More »

Чудни бројки: За три години 1.800 судски случаи за обештетување на угината стока од дивеч во Битолско


  БИТОЛА – Сточари од битолскиот крај добиле обесшетување во стотици и стотици предмети за угинати домашни животни од дивеч, покажуваат бројките кои „Независен“ ги доби официјално од Основниот суд во Битола. Голема афера го тресе сточарството во Битолско за угинати говеда и пчели од мечка инволвирани во незаконски шеми за добивање отштета од државата …

Чудни бројки: За три години 1.800 судски случаи за обештетување на угината стока од дивеч во Битолско Read More »

Жив човек нема пред бугарскиот конзулат во Битола


  БИТОЛА – Сликата од вообичаеното чекање на клупите пред бугарскиот конзулат во Битола за бугарски пасош сега ја нема. Денес е празно пред вратите на конзулатот и покрај ширум отворената врата од објектот. Порано, пред некоја година, особено за периодот на корона кризата апликантите за бугарски пасоши правеа големи гужви со долгите редици и …

Жив човек нема пред бугарскиот конзулат во Битола Read More »

Колку пати мечката убива едно исто говедо во Битолско?


  БИТОЛА – Дали и мечката се користи во незаконски шеми за добивање отштета од државата за фиктивно убиена стока или уништени кошници со пчели? Сточари од битолскиот крај велат дека поединци, фармери, по разработени и веќе испробани шеми за наводно угинати говеда и пчелни семејства од мечка земаат големи отштети од државата. Сточари со …

Колку пати мечката убива едно исто говедо во Битолско? Read More »

Стрежево на ниска кота, Битола доби климатска опомена – има проблем со вода за пиење


  БИТОЛА – Летната жега оваа година е сериозно предупредување и за жителите од Битолско-пелагонискиот регион за рационално користење на водата за пиење. Повеќе од два месеца високите дневни температури, но и напати тропските ноќи не само што го усвитија асфалтот во Битола, туку пресушија извори, други станаа сѐ помалку издашни, па ги празнеа градските …

Стрежево на ниска кота, Битола доби климатска опомена – има проблем со вода за пиење Read More »

Пелагониските земјоделци не се задоволни од владината помош за пченицата


  БИТОЛА – Пелагониските земјоделци не се задоволни од интервентната мерка на Владата да им се исплатата 3 денари за килограм пченица предадена кај регистриран откупувач. Денеска на работната средба со министерот за земјоделие Цветан Трипуновски во пелагониската општина Новаци јасно кажаа дека државата недоволно помага, а мелничарите ја урнаа цената од годинешната жетва на …

Пелагониските земјоделци не се задоволни од владината помош за пченицата Read More »

Оштетени камерите што откриваат пожари во Националниот парк Пелистер


  БИТОЛА – Оштетени се двете камери поставени на местото „Превалец“ од каде Националниот парк „Пелистер“ Битола врши мониторинг на позиции од Баба Планина за навремено откривање и превенција на пожари. Непознатите сторители не ја зеле опремата, но со оштетување ги ставиле надвор од функција камерите за да не снимаат. Камерите се поставени на столбови …

Оштетени камерите што откриваат пожари во Националниот парк Пелистер Read More »

Почна предистрага за РЕК „Битола“- под лупа финансиското работење на комбинатот


  БИТОЛА – Истражни органи веќе пет дена преземаат предистражни дејствија во РЕК „Битола“, стожерот на електроенергетскиот систем на државата. Информација за „Независен“ ја потврдуваат од АД ЕСМ, без да прецизираат за што точно почнале предистражните дејствија, дали по новинарски истражувања за сомнителни постапки во работењето и набавките на комбинатот. „Истражен орган на Република Северна …

Почна предистрага за РЕК „Битола“- под лупа финансиското работење на комбинатот Read More »