Истрагата за Сашо Дранго уште трае, „Анима мунди“ ги доставило сите докази до обвинителството


  БИТОЛА – Здружение за заштита на животни „Анима Мунди“, пред шест дена ги доставило сите докази во случајот со фотографијата со Сашо Дранго и отепаната мечка, вели Гизела Бошковска, истакнат активист во здружението. Случајот со спорната фотографијата на која е Сашо Дранго (сега бивш државен функционер на „Македонијапат“)  фотографиран со убиена мечка и со …

Истрагата за Сашо Дранго уште трае, „Анима мунди“ ги доставило сите докази до обвинителството Read More »

Општина Битола не се откажува од изградбата на регионалната депонија во Новаци


  БИТОЛА – Во Пелагонија ќе се гради регионален систем за управување со отпад, а не како досега нестандардна депонија за складирање на ѓубришта. Ова е ставот на локалните власти во Битола по реакции во јавноста и недоволната информираност за каков систем на одлагање на отпад станува збор. Ова следува по едногласната одлука на Советот …

Општина Битола не се откажува од изградбата на регионалната депонија во Новаци Read More »

Ако пожарите на отворено почнаа во зима, што ќе правиме налето, прашуваат битолските пожарникари


Пожарите на отворен простор почнаа уште сега, во зимските месеци и битолските пожарникари бројат и до девет-десет пожари на ден на отворен простор во битолскиот крај. Најопасна е ситуација со атарите на Потпелистерските села кои се многу блиску до Националниот парк Пелистер и моликовата шума. Стресот за противпожарната служба во Битола, како што велат, е …

Ако пожарите на отворено почнаа во зима, што ќе правиме налето, прашуваат битолските пожарникари Read More »

Сточарите си ги бараат субвенциите за ланската година оти не можат да преживеат


БИТОЛА – Најголемиот проблем за сточарите во државата е неизвесноста кога ќе ги добијат субвенциите. Се доцни со исплатата со години и месеци, а стоката сака да јади. Со изнесување на овој проблем во јавноста денеска сточари од Пелагонија преку медиумите бараат одговор од Министерството за земјоделство кога ќе има бидат исплатени заостанатите субвенции по …

Сточарите си ги бараат субвенциите за ланската година оти не можат да преживеат Read More »

За 18 општини, од Дебар до Битола, ќе се гради регионална депонија во Новаци


  БИТОЛА – Советот на Општина Битола едногласно го прифати предлогот за меѓуопштинска соработка за отворање на регионалната депонија во Новаци заедничка и за Битола, Прилеп, Крушево, Долнени, Могила, Кривогаштани, Битола, Демир Хисар, Ресен, Охрид, Струга, Кичево, Дебар, Пласница, Центар Жупа, Вевчани, Дебарца и Македонски Брод. Оваа одлука на Советот доаѓа по иницијатива со која …

За 18 општини, од Дебар до Битола, ќе се гради регионална депонија во Новаци Read More »

Распитот на Сашо Дранго за отепаната мечка се држи во строга тајност


  БИТОЛА – Имало или немало распит во Обвинителството на државниот функционер Сашо Дранго за фотографијата со отепаната мечката? Ова е прашањето кое се наметнува откако пред два месеци јавноста се разбранува по обелоденувањето на фотографија на заменик-директорот на „Македонијапат“ со мртва мечка и оружје в раце, што ја објави Здружението за заштита на животните …

Распитот на Сашо Дранго за отепаната мечка се држи во строга тајност Read More »

Папратот ќе ја уништи моликата на Пелистер


  БИТОЛА – Нацииналниот парк „Пелистер“ го вклучи црвеното светло, аларм за исчезнување на моликовата шума поради физиолошката зрелост, климатските промени, неможноста за природно обновување и негрижата во изминатите децении и неспроведувањето на одгледувачките мерки. Покриеноста со моликова шума на Пелистер е 2.500  хектари на надморска висина од 800 до 1.500 метри. „Ветроизвалите и снегоизвалите …

Папратот ќе ја уништи моликата на Пелистер Read More »

Тутунари извисија, не им се зема тутунот иако откупот не е завршен


  БИТОЛА – Тутунари од Пелагонија се жалат дека тутунот им остана непродаден, дека откупувачите веќе не им го земаат, иако откупот законски трае до 28 февруари. Според белешките што ги објавуваат тутунарите, и оној малку тутун што се откупува во последните денови сега се цени во класи, а не како од почетокот на откупот …

Тутунари извисија, не им се зема тутунот иако откупот не е завршен Read More »

Уште еден бугарски клуб во Битола, го отвори амбасадорот Радуков


  БИТОЛА – Бугарскиот амбасадор Желјаско Радуков, синоќа во центарот на Битола, неколку куќи подолу од  седиштето на Сојузот на борци во Битола, свечено ги отвори канцелариите на новото бугарско здружение „Балкански мост“. Ова е прво официјално присуство на амбасадорот Радуков во Битола, барем според објавите од бугарските здруженија, по неговото назначување на дипломатската задача. …

Уште еден бугарски клуб во Битола, го отвори амбасадорот Радуков Read More »

Два месеци е закочен откупот на јагнето, сточарите гневни


  БИТОЛА – Два месеци нема откуп на јагне во државата, а одгледувачите на овци се загрижени не само за откупот, туку и за цената. Тие вината ја гледаат кај кланичарите и револтирано велат дека биле уценети да го дадат јагнето за 200 денари килограм. Лани јагнето се продаваше за 300 денари килограм жива мера, годинава …

Два месеци е закочен откупот на јагнето, сточарите гневни Read More »

Револт на сточарите поради намалените субвенции


  БИТОЛА – Револтирани се пелагониските сточари, одгледувачи на говеда, по информацијата дека во новата програма за субвенционирање се намалени средствата за производителите во 2025 година – од 12.000 денари на 8.000 денари по грло крава. Министерот за земјоделство, Цветан Трипуновски, денеска беше во Битола на средба со сточарите за лично да им каже дека …

Револт на сточарите поради намалените субвенции Read More »

УСАИД ѝ помогна на Пелагонија да се развива


  БИТОЛА – Најголем дел од пелагониските општини имале и имаат реална корист од Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД), без оглед дали поддршка била во вложени парични средства за изградба на водоводи, канализации, финансирани проектни документации за инфраструктура, обуки за вработените во општинската администрација. Со исклучок на Ресен, останатите пелагониски општини – Битола, Демир …

УСАИД ѝ помогна на Пелагонија да се развива Read More »

Битолчани бараат психолошка помош по финансиските измами


  БИТОЛА – Финансиските измами станаа вообичаена вест за битолчани откако последните години, дали преку социјалните мрежи, дали на телефон, нема месец да нема измамени сограѓани. Градот познат по големиот октопод и стотиците измамени штедачи од пирамидалната штедилница ТАТ, постојано е на мета на измамници од државата и странство, а „приказните“ се различни. Измамени граѓани …

Битолчани бараат психолошка помош по финансиските измами Read More »

„Блгаринот“ Љупчо Георгиевски по судењето во Битола кажа дека е „горд ванчомихајловист“


  БИТОЛА – „Блгарин“. Вака Љупчо Георгиевски, екс-претседателот на сега згаснатиот бугарски клуб во Битола „Иван Михајлов“, се претстави во судот во Битола, како обвинет за две кривични дела поврзани со промоција на ликот и делото на контроверзниот лидер на историското ВМРО, Ванчо Михајлов.  Според обвинителката Оливера Нечаковска, по денешното рочиште се потврдила основаноста на …

„Блгаринот“ Љупчо Георгиевски по судењето во Битола кажа дека е „горд ванчомихајловист“ Read More »

Мицкоски не верува во „приказната“ на Дранго за отепаната мечка, обвинителството уште истражува


  БИТОЛА – Премиерот Христијан Мицкоски не е убеден во „приказната“ на Сашо Дранго за отепаната мечката со која се фотографираше заменик-директорот на „Македонија пат“. Овој случај ја вознемири и разбранува македонската јавност околу Нова година. Битолското обвинителството денеска за „Независен“ вели дека  утврдува дали има евентуално индивидуална кривична одговорност кај Дранго. Во синоќешното интервју …

Мицкоски не верува во „приказната“ на Дранго за отепаната мечка, обвинителството уште истражува Read More »

Топловодот низ Битола ќе биде готов во 2026 година


  БИТОЛА – Иако е зима и со врнежи од снег, во Битола интензивно се доградува топловодот, проект од кој граѓаните очекуваат придобивка од економски и еколошки аспект бидејќи ќе се искористува отпадната топлинска енергија од РЕК „Битола“.   Битолчани главно се греат на дрва, институциите на мазут и во зимските месеци загадувањето на воздухот е …

Топловодот низ Битола ќе биде готов во 2026 година Read More »

Битола окована во студ и снег, на Пелистер битолчани се сончаат


  БИТОЛА – Битола деновиве е окована во студ и снег, додека на Пелистер, на скијачките центри Нижеполе и Копанки, битолчани се сончаат соблечени по блузи. Битола денеска се разбуди на минус 8 степени, најстудено утро од почетокот на годинава, па децата утрово заминаа на училиште по подмрзнати улици. Веќе неколку дена и дневната температура …

Битола окована во студ и снег, на Пелистер битолчани се сончаат Read More »

Со европски пари поставена нова туристичка информативна табла пред Офицерскиот дом во Битола


  БИТОЛА – Нова туристичка информативна табла насловена „Пит Стоп Тотем“ е поставена пред Офицерскиот дом во Битола како дел од европскиот проектот „Smart4You2“, со што битолчани, посетителите и туристите во градот ќе имаат можност на едно место да се информираат за сите знаменитости и убавини на градот како и за културните збиднувања. Туристичка информативна …

Со европски пари поставена нова туристичка информативна табла пред Офицерскиот дом во Битола Read More »

На Сашо Дранго уште пред 6 години му била одземена дозволата за оружје


  БИТОЛА – Уште пред 6 години заменик директорот на „Македонија пат“ Сашо Дранго останал без дозвола за оружје откако го прекршил законот. Ова е последната информација која ја потврдува СВР Битола, иако на објавените фотографии на Дранго со мртвата мечка се гледа дека тој покрај себе носи и пушка со снајперски дурбин. Дранго негираше …

На Сашо Дранго уште пред 6 години му била одземена дозволата за оружје Read More »

Битолското обвинителство експресно отвори предмет за мртвата мечка на фотографијата со Сашо Дранго


  БИТОЛА – Основното јавно обвинителство од Битола денеска отвори предмет за случајот со застреланата мечка и фотографијата на која позира Сашо Дранго, заменик-директор на „Македонија пат“ . Од Обвинителството во Битола, вечерва за „Независен“ потврдуваат дека веднаш оформиле предмет.   „По објавата по медиумите оформен е предмет и се постапува за да се утврди што …

Битолското обвинителство експресно отвори предмет за мртвата мечка на фотографијата со Сашо Дранго Read More »