Издаден налог за апсење на поранешниот бразилски претседател Лула да Силва


Бразилскиот федерален судија Серџо Моро издаде налог за апсење на поранешниот претседател Луис Инасио Лула да Силва. Налогот е издаден неколку часа откако бразилскиот Врховен суд го отфрли барањето на да Силва да не оди во затвор додека трае жалбениот процес на пресудата за корупција. Пресудата за Лула да Силва е 12 години и еден …

Издаден налог за апсење на поранешниот бразилски претседател Лула да Силва Read More »

Денеска е Велики Петок, најтешкиот ден во годината


Православните христијани денеска го одбележуваат Велики Петок, кој освен Велипеток уште се вика и Распет петок, зашто на тој ден е распнат Исус Христос. Денеска е денот на најстрогиот пост. На овој ден во сите храмови ќе се изнесе на поколение плаштеницата (покровот) што го симболизира симнувањето од крстот на телото Господово. Поради тоа овој …

Денеска е Велики Петок, најтешкиот ден во годината Read More »

Велигденска порака на поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан


Поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г.г. Стефан до сите верници од православна вероисповед упати велигденска порака по повод претстојниот празник Воскресение Христово – Велигден. „Возљубени празникољупци, Воскресението Христово е коренот на нашата вера! Во нашиот живот сè е насочено кон тaa сепобедна вистина. Преку тој спасоносен настан се удостоивме да учествуваме во тајната …

Велигденска порака на поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан Read More »

Наим Реџепи од Куманово е убиен во вооружена престрелка во Мала Речица


Наим Реџепи од Куманово е убиен во вооружена престрелка помеѓу две групи пред седиштето на ДУИ во Мала Речица. која се случи околу 18 часот и дваесет минути во тетовска Мала Речица, во близина на седиштето на ДУИ. Неофицијално, сите учесници во денешната престрелка во тетовска Мала Речица, на околу 200 метри од седиште на ДУИ, се …

Наим Реџепи од Куманово е убиен во вооружена престрелка во Мала Речица Read More »

Едно лице тешко повредено во тепачка меѓу навивачите на Звезда и Партизан


Меѓу навивачите на Црвена звезда и Партизан денеска изби тепачка во близина на белградската населба Аутокоманда пред натпреварите против Земун, односно Борец. Околу 16 часот, еден час пред почетокот на натпреварите, во тепачката меѓу навивачите на белградските фудбалски клубови еден заврши во болница со тешки повреди. Навивачот имал видливи исеченици на рацете и стомакот од голем …

Едно лице тешко повредено во тепачка меѓу навивачите на Звезда и Партизан Read More »

(Обновено)- Изгаснат пожарот во болницата во Истанбул, нема жртви


Противпожарните единици успеаја да го изгаснат големиот пожар, што попладнево избувна во болница во Истанбул. При пожарот нема загинати или повредени. Вработените во болницата ги евакуираа пациентите веднаш по избувнувањето на пожарот, а беше спроведена е евакуација и на жителите на околните згради. Причините за пожарот, кој избувнал на покривот на болницата и набрзо се …

(Обновено)- Изгаснат пожарот во болницата во Истанбул, нема жртви Read More »

Иранската телевизија го цензурираше логото на Рома


Иранската национална телевизија го цензурираше логото на италијанскиот фудбалски клуб Рома при преносот на натпреварот од четвртфиналната фаза во Лигата на шампионите (ЛШ) против Барселона. Иранскиот канал замати дел од грбот на римскиот клуб, односно не се гледаа градите на волчицата која ги храни Ромул и Рем, според легендата за основачите на градот. Претставниците на …

Иранската телевизија го цензурираше логото на Рома Read More »

Голем пожар во болница во Истанбул


Голем пожар попладнево избувна во пожар во болница во Истанбул, зафаќајќи неколку ката од зградата. Како што јави АФП, вработените во болницата ги евакуирале пациентите, а спроведена е евакуација и на жителите на околните згради. Засега нема инфромации за жртви, а не се познати ниту причините за пожарот. Од зградата на болницата, која се наоѓа …

Голем пожар во болница во Истанбул Read More »

„ТНТ“ одложен за 13 април, Врховен ќе одлучува за изземање на судиите


Одбраната на обвинетите во предметот на СЈО „ТНТ“ на денешното рочиште побара изземање на судечкиот совет, претседателот на Кривичниот суд Иван Џолев и в.д. претседателот на Апелацискиот суд Лидија Димчевска. По барањата одлучува Врховниот суд во рок од три дена. Претседателот на судечкиот совет Огнен Ставрев, кажа дека се уште нема одговор од Врховен суд …

„ТНТ“ одложен за 13 април, Врховен ќе одлучува за изземање на судиите Read More »

И Стоилов нема да настапи на контролниот натпревар против Русија


Македонскиот репрезентативец Стојанче Стоилов поради повреда во сабота нема да настапи на контролниот натпревар против Русија. Ракометарот на Вардар се пожалил на болки во ципите и најверојатно ќе мирува две до три седмици. Повредата на Стоилов е во исклучително неповолен момент и за Вардар, бидејќи „црвено-црните“ влегуваат во завршната фаза од одбраната на титулите во …

И Стоилов нема да настапи на контролниот натпревар против Русија Read More »

ВМРО-ДПМНЕ бара одговорност од Нухиу за 27 април


ВМРО-ДПМНЕ бара одговорност за настаните од 27 април 2017 година од Агим Нухиу, кој беше технички министер за внатрешни работи до изборот на новата влада на СДСМ и ДУИ. Орце Ѓоргиевски од ИК на ВМРО-ДПМНЕ се повикува на изјавата на Нухиу пред Јавното обвинителство, каде што, како што наведува, кажал дека вечерта на 27 април, …

ВМРО-ДПМНЕ бара одговорност од Нухиу за 27 април Read More »

Димитриевски: Ќе се постават спомен плочи на сите пријатели на Куманово


„Идејата на општина Куманово и на мене како Градоначалник е пред комплекосот ‘Отворен и Затворен базен‘ да направиме парк кој ќе го наречеме ‘Парк на пријатели на Куманово‘. Во интерес на озеленување на градскиот централен регион и создавање на пријатно место за одмор и реласкација на граѓаните во овој град, во паркот ќе има фонтана, …

Димитриевски: Ќе се постават спомен плочи на сите пријатели на Куманово Read More »

ВМРО-ДПМНЕ очекува и други партии да гласаат против Владата


ВМРО-ДПМНЕ очекува и други партии кои се надвор од опозициската коалиција да гласаат против Владата на СДСМ и на ДУИ, на седницата за интерпелацијата што се очекува да се одржи веднаш по Велигденските празници. Доколку ВМРО-ДПМНЕ го поднесе во сабота барањето за гласање недоверба на владата, парламентот би требало да се изјасни по ова прашање …

ВМРО-ДПМНЕ очекува и други партии да гласаат против Владата Read More »

„Бикини Мун“ на Манчевски од денеска и во кината во Србија


Филмот „Бикини Мун“ на македонскиот режисер Милчо Манчевски од денеска ќе се најде на репертоарите на киносалите во Белград, Нови Сад и Крушевац. Милчо Манчевски беше претседател на жирито на годинашниот белградски филмски фестивал „ФЕСТ“, на кој „Бикини Мун“ имаше своја премиера во Белград. На истиот фестивал беше прикажан и филмот „Портрет на уметникот: Милчо Манчевски“ …

„Бикини Мун“ на Манчевски од денеска и во кината во Србија Read More »

(Фото)Стаса и автобусот на струја од Софија


Ноќеска во базата на ЈСП во Автокоманда стасал автобусот на струја од Софија кој ќе се вклучи во тест периодот на јавниот превоз во Скопје. За разлика од мерцедесовиот автобус на гас кој веќе трет ден е дел од градскиот превоз и беше ганц нов, овој на струја е веќе користен две години во Софија. …

(Фото)Стаса и автобусот на струја од Софија Read More »

Три нови случаи на каснати од улични кучиња


Три нови случаи на напади од кучиња биле пријавени вчера во полициски станици во Скопје, сооппшти МВР. Г.Ј.(27) од Скопје вчера во 22 часот во полициската станица Аеродром пријавил дека истиот ден околу 13:00 часот, додека се движел по улица „Божидар Рајковиќ“, бил нападнат од куче скитник при што му била нанесена повреда на левата …

Три нови случаи на каснати од улични кучиња Read More »

Груевски доцнеше на судење, го опоменаа, па се извини


Со задоцнување од 15 минути, екс премиерот Никола Груевски се појави на судското  рочиште „ТНТ“, предмет кој се однесува за уривањето на објектот Космос на Фијат Цановски. Судијата Огнен Ставрев го опомена Груевски дека доцни, по што тој се извини. На денешното рочиште е предвидено да се слушаат „бомбите“ предложени од СЈО како доказен материјал. …

Груевски доцнеше на судење, го опоменаа, па се извини Read More »

Автомобил удри седумгодишно дете во Студеничани


Патничко моторно возило „Фолксваген пасат“ со италијански национални ознаки управувано од Р.А. (35) од Скопје завчера во Студеничани удрило во седумгодишно дете, соопшти МВР. Детето со истото возило бил пренесено во Градската општа болница “Св. Наум Охридски“. Од страна на лекар му била констатирана тешка телесна повреда и било задржано на натамошно лекување. Извршен е …

Автомобил удри седумгодишно дете во Студеничани Read More »

Драма во полициската станица во Драчево


Полицијата вчера спречила жена да се запали во полициската станица во Драчево, соопштија од МВР. Инцидентот се случил околу 23 часот кога во станицата дошла 40 годишна жена од Скопје. Таа рекла дека е во депресија и сака да си го одземе животот. Полицајците за да ја смират, во станицата го повикале и нејзиниот син. …

Драма во полициската станица во Драчево Read More »

Почна рокот за поднесување барања за субвенции за млекото


Од денеска тече рокот за поднесување на барања за директни плаќања за произведено и предадено овчо, козјо и кравјо млеко во период од октомври до декември 2017 година. Рокот за пријавување трае до 16 мај, информираат од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. Висината на поддршката изнесува четири денари по литар за …

Почна рокот за поднесување барања за субвенции за млекото Read More »