Се зголемува бројот на починати од вирусот Западен Нил во Грција


На 11 лица се искачи бројот на починати од вирусот Западен Нил во Грција според најновите информации од Центарот за контрола и превенција на болести на Грција. Вирусот со кој се заразени 107 лица е проширен во 42 области низ целата земја, а најголем број од регистрираните случаи се во регионот Атика, во пошироката област …

Се зголемува бројот на починати од вирусот Западен Нил во Грција Read More »

„Монструм“: Загрозениот сведок видел четири тела на Смилковското езеро


Во денешното веќе едночасовно сослушување на загрозениот сведок од предметот „Монструм “, тој децидно кажа дека на 12 април 2012 година кај Смиљковското Езеро видел четири тела. Одбраната се обидува со повеќе прашања да ја собори веродостојноста на исказот на загрозениот сведок. Имено, претходно адвокатот Алмир Алиспахиќ се обиде да ја провери и оспори меморијата …

„Монструм“: Загрозениот сведок видел четири тела на Смилковското езеро Read More »

Рударот во „Тораница“ настрадал од одрон на камења


Одрон на камења во ископаната јама на рудникот се случила синоќа каде почина рударот Ј.П. (55) од село Мождивњак, Кривопаланечко. – На ден 23.08.2018 во доцните вечерни часови, се случи природна катастрофа – одрон на камења во ископната јама на рудник „Тораница“ – Крива Паланка каде што, како резултат на овој несреќен случај, тешко беше …

Рударот во „Тораница“ настрадал од одрон на камења Read More »

Јубилејно 10.издание на меморијалниот „Бош фест“ во Гевгелија


Три дена исполнети со концерти, инсталации, работилници, изложби, перформанси и филмови ќе бидат белег на јубилејниот десетти меморијален мултимедијален арт фестивал „Бош Фест“, кој од денеска до недела се одржува во Гевгелија во чест и почит кон прерано починатиот актер и поет Бошко Бозаџиевски. – Истрауматизирани од секојдневниот живот, потресени од емотивната пустоловина, отуѓувањето и …

Јубилејно 10.издание на меморијалниот „Бош фест“ во Гевгелија Read More »

„Монструм“ продолжи со сослушување на загрозениот сведок


Со сослушување на загрозениот сведок, кој одговара на прашањата на адвокатите на обвинетите, денеска во Кривичниот суд во Скопје продолжи судењето за предметот „Монструм“ на Специјалното јавно обвинителство, за петкратното убиство кај Смилковско езеро, сторено на 12 април 2012 година. Во судницата се присутни обвинетите Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири, кој …

„Монструм“ продолжи со сослушување на загрозениот сведок Read More »

ВМРО-ДПМНЕ нема став, ама сака пари


Многу непознати остануваат да лебдат и по одлуката на Владата да му додели 1,3 милион евра на Собранието како овластен предлагач за кампања за референдумот. Кој ќе биде видот на јавната пропаганда на парламентарците, како таа концептуално ќе се изведе, ќе ги искористат ли сите повластени цени кои Собранието ги добива како овластен предлагач – …

ВМРО-ДПМНЕ нема став, ама сака пари Read More »

Заврши 9.„МакеДокс“, главната награда за „Далечниот лаеж на кучињата“


Филмот „Далечниот лаеж на кучињата“ (Данска, 2017) на режисерот Сајмон Леренг Вилмонт ја доби главната награда „Кромид“ за најдобар филм на деветтото издание на Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“. Со доделувањето на наградите за најдобрите филмови во пет категории синоќа заврши Фестивалот „МакеДокс“. За наградата „Кромид“ одлучуваше комисија во состав Пирјо Хонкасало, Војцех Старон …

Заврши 9.„МакеДокс“, главната награда за „Далечниот лаеж на кучињата“ Read More »

Почина рудар по пад во јама


Рударот Ј.П. (55) од село Мождивњак, Кривопаланечко, починал синоќа откако, додека работел, паднал во јама. Ј.П. им подлегнал на повредите од падот на пат кон Здравствениот дом во Крива Паланка. Според МВР, несреќата се случила околу 21.25 часот во рудникот „Болмак“ во Крива Паланка. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот. мч/са/10:20

Починат кумановец пронајден близу бензинска пумпа во Скопје


Р.Л. (40) од Куманово е пронајден починат вчера попладне во близина на бензинската пумпа на улицата „Кеј Димитар Влахов“ во Скопје. Како што соопшти МВР, случајот во пумпата го пријавило непознато женско лице, а вработениот бензинската ја информирал полициската станица Гази Баба. По наредба на јавен обвинител над телото на починатиот ќе биде извршена обдукција.

Обвинетите спасувале, рецитирале, породувале…


Какви терористи? Сите биле угледни луѓе кои пред Собранието рецитирале и пееле, пратеници кои махинално мавтале со рацете и не давале знак да се отвори вратата на Собранието за да влезе толпата, полицаец кој го спасил животот на пратеникот Зијадин Села и министер кој безбедно ги евакуирал луѓето што биле внатре во Собранието, вечерта на …

Обвинетите спасувале, рецитирале, породувале… Read More »

Панатинаикос подготвувал понуда за Наваро


Раководството на грчкиот гигант Панатинаикос размислувал сериозно за можноста да упати предлог за договор на легендата на шпанската кошарка, Хуан Карлос Наваро веднаш откако во медиумскиот простор се појави информација дека „Ла Бомба“ размислува да стави крај на кариерата. Ова го откри тренерот на „детелините“ Чави Пасквал, кој долги години работеше со Наваро во Барселона. …

Панатинаикос подготвувал понуда за Наваро Read More »

(ВИДЕО) Димитров одговараше на прашања во живо на Фејсбук


Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска се вклучи со видео пренос преку социјалната мрежа Фејсбук. Тој одговараше на прашања кои му беа поставувани од страна на корисниците на оваа социјална мрежа. Димитров зборуваше за актуелните политички прашања во Македонија, за името, за референдумот… Целото видео-обраќање може да го погледнете тука:

Конте опција за тренер на Јунајтед доколку Мурињо добие отказ


Поранешниот менаџер на Челзи, Антонио Конте станува еден од фаворитите за менаџерската функција во Манчестер Јунајтед доколку биде разрешен Жозе Мурињо. Италијанецот беше отпуштен од „сините“ по почетокот на летните подготовки, бидејќи преговорите помеѓу клубот и неговиот заменик, Маурицио Сари, значително се оддолжија. Сепак, иднината на Конте повторно може да биде поврзана со Премиер Лигата …

Конте опција за тренер на Јунајтед доколку Мурињо добие отказ Read More »

Дејан Жидан избран за претседател на словенечкиот парламент


Лидерот на социјалдемократите, Дејан Жидан, кој беше вицепремиер и министер за земјоделство на Словенија од 2014 до 2018 година, денеска беше избран за претседател на словенечкиот парламент. Неговата кандидатура беше поддржана од 49 од 90 пратеници. – Ќе сторам сé за повторно да се подигне авторитетот на пратениците и парламентот, рече Жидан. Тој истакна дека …

Дејан Жидан избран за претседател на словенечкиот парламент Read More »

Гореше борова шума во Делчевско


Околу 15 декари дабова шума, смрека и висока трева, гореше попладнево во месноста Брежје во близина на Делчево. Како што информираат од ТППЕ Делчево, пожарот бил пријавен во 13:15 минути по што веднаш било пристапено кон негово гаснење. – По дојавата од совесни граѓани, во 13:25 екипите од противпожарната еднициа излегоа на терен и за …

Гореше борова шума во Делчевско Read More »

МВР за драмата во хотел Арка: Се работи за имотно-правен проблем


МВР денеска реагирале во неколку наврати во околината на хотелот Арка на Бит Пазар. Имено, тие добиле пријава од вработена во хотелот дека сопственик на објект во изградба го демонтирал скелето кое било поставено од страна на хотел Арка покрај објектот во изградба. „Констатирано е дека се работи за имотно правен проблем и со оглед …

МВР за драмата во хотел Арка: Се работи за имотно-правен проблем Read More »

Адеми: Учебници за учениците ќе има


Министерот за образование и наука Арбер Адеми тврди дека за сите ученици ќе има учебници за учебната 2018/2019 година. За сè што работеле периодов, а ги опфаќа и дополнувањата и исправки во учебниците, рече дека Министерството има пријатни изненадувања, но повеќе ќе обелоденел на прес-конференција, иако  почетокот на учебната година е само за десетина дена. …

Адеми: Учебници за учениците ќе има Read More »

Тевдовски: Капиталните инвестиции се ниски поради наследените проблеми


Капиталните инвестиции се ниски, но сите останати макроекономски фундаменти се со одлични движења, истакна вечерва министерот за финансии Драган Тевдосвски во интервју за телевизија Канал 5 коментирајќи го проектираниот раст на Бруто домашниот производ за 2018 година од 3,2 проценти. – Индустриското производство расте со пет проценти, имаме многу силен раст на извозот од 13 …

Тевдовски: Капиталните инвестиции се ниски поради наследените проблеми Read More »

Видал: Со ВАР ќе имав две титули од Лигата на шампионите


Новото засилување на Барселона, Артуро Видал, упати уште еден вербален напад кон Реал Мадрид по трансферот на „Камп Ноу“. Баерн Минхен со Чилеанецот во тимот двапати испадна од „Лос Бланкос“ по контроверзни судиски одлуки. – Со ВАР, ќе имав две титули од Лигата на шампионите, изјави играчот од средниот ред во интервју за „Мундо Депортиво“. …

Видал: Со ВАР ќе имав две титули од Лигата на шампионите Read More »

Мицкoски: Луѓето кои ќе го поддржат референдумот се во рамки на статистичка грешка


Луѓето кои ќе го поддржат референдумот се во рамки на статистичка грешка, покажуваат нашите социолошки анализи, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за Сител телевизија. Прашан како ќе настапи ВМРО-ДПМНЕ на референдумот, Мицкоски, вели дека се уште трае процесот на консултации со граѓаните за референдумот. – Дебатата внатрепартиски е почната. Таа се спушти …

Мицкoски: Луѓето кои ќе го поддржат референдумот се во рамки на статистичка грешка Read More »