Чавков: Интервенирав на 27 април и ситуацијата ја ставив под контрола


На третото продолжение на судскиот процес за предметот „27 април“, за насилствата во македонското Собрание од 2017 година, што се одржува денеска во Кривичниот суд во Скопје, по едночасовната пауза, одбраната продолжи да ги изнесува воведните зборови, а дел обвинетите се изјаснија дека не чувствуваат вина. На обвинителната клупа се 33 лица, пратеници, поранешни функционери, …

Чавков: Интервенирав на 27 април и ситуацијата ја ставив под контрола Read More »

Викенд-гужва: На Табановце се чека по половина час


На граничниот премин Табановце има зголемена фреквенција на возила, а времето на чекање е околу 30 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира Автомотосојузот на Македонија. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. АМСМ соопштува дека сообраќајот на државните …

Викенд-гужва: На Табановце се чека по половина час Read More »

НБА воведува нови правила за поатрактивна кошарка


Најквалитетната светска кошаркарска лига НБА од следната сезона ќе воведе измени за времето за напад по офанзивен скок, а ќе се поедностави правилото за неспортски грешки и ќе се прошири дефиницијата за неспортско однесување. Во НБА очекуваат правилото за ресетирање на часовникот за игра од 24 на 14 секунди по офанзивен скок да го зголеми …

НБА воведува нови правила за поатрактивна кошарка Read More »

Бизнис асоцијациите се против прогресивното оданочување


Американската стопанска комора во Македонија – АмЧам Македонија, Македонија 2025 и Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ сметаат дека не е погоден момент  за воведување прогресивно оданочување на личниот доход, особено не во формата која што неофицијално беше имплицирана. Оттаму оценуваат дека предложеното воведување прогресивно оданочување на персоналниот доход нема да го постигне посакуваниот …

Бизнис асоцијациите се против прогресивното оданочување Read More »

Охридскиот пливачки маратон годинава пет километри пократок


Утре напладне во Свети Наум ќе стартува 32-то издание на Охридскиот пливачки маратон. Организаторите на маратонот на денешната прес-конференција во Охрид соопштија дека се пријавени вкупно 30 пливачи во машка и женска конкуренција, а за Македонија ќе се натпреваруваат Александар Илиевски и Евгениј Поп Ацев. Маратонот годинава првпат ќе биде пет километри пократок, откако неодамна …

Охридскиот пливачки маратон годинава пет километри пократок Read More »

Хан: Да се поедностави процесот на одлучување за прием на нови членки во ЕУ


Европската унија би требало да го поедностави процесот на одлучување за прием на нови членки, така што не мора да постои едногласна одлука за секоја ситница, изјави еврокомесарот за проширување на ЕУ, Јоханес Хан за германскиот весник „Клајне цајтунг“. Тој зборувајќи за проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан како пример го наведе фактот …

Хан: Да се поедностави процесот на одлучување за прием на нови членки во ЕУ Read More »

„Економист“: Албанија прва во светот по употреба на кокаин


Престижниот британски весник „Економист“ објави дека Албанија го зазема првото место во светот по употреба на кокаин во однос на бројот на населението. Во репортажата под наслов „Зошто картелите профитираат“ се наведува дека борбата со дрогата се движи кон нова криза, а насилните нарко картели се борат за добивка од 320 милијарди долари годишно. Во …

„Економист“: Албанија прва во светот по употреба на кокаин Read More »

Пратениците нема поединечно да добиваат пари за референдумската кампања


Водењето јавна кампања не подразбира дека Собранието, како овластен предлагач, ќе дели средства поединечно на секој од 120-те пратеници за нивно водење кампања за референдумот на државно ниво. Тоа попладнево го соопшти службата за информирање на Собранието на Република Македонија во, како што наведува, појаснувањето по дописот што денеска го испратил пратеник до претседателот на …

Пратениците нема поединечно да добиваат пари за референдумската кампања Read More »

Двајца мажи пронајдени мртви во библиотеката во Белград


Двајца мажи се пронајдени мртви во Народната библиотека во Белград, изјави за српската новинска агенција ТАНЈУГ портпаролот на Брзата помош, Мирко Лутовац. Тој наведе дека Брзата помош примила повик дека две лица се задушуваат во просторијата каде се наоѓа системот за ладење. – Нашите екипи можеа само да констатираат смрт, посочи Лутовац, додавајќи оти се …

Двајца мажи пронајдени мртви во библиотеката во Белград Read More »

Подгответе се: Од понеделник значително намалување на температурите


Позначителна промена на времето се очекува од недела попладне и пад на температурите за шест до осум степени во понеделник и вторник. До недела според УХМР ќе се задржи топло време, а утре во попладневните часови претежно на запад ќе има појава на локален пороен дожд и грмежи. Позначителна промена на времето ќе има од …

Подгответе се: Од понеделник значително намалување на температурите Read More »

Зголемен бројот на превезени патници во патниот, воздушниот и железничкиот превоз


Во патниот патнички сообраќај во вториот квартал од годинава во однос на тој квартал лани, бројот на превезени патници е зголемен за 2,7 отсто, во воздухопловниот за 20,7 проценти, во железничкиот превоз за 13,8 отсто, а намалување е забележано за 16,4 отсто во градско-приградскиот превоз, објави Државниот завод за статистика. Во однос на првото тримесечје …

Зголемен бројот на превезени патници во патниот, воздушниот и железничкиот превоз Read More »

„Монструм“ на СЈО продолжува на 31 август


Судењето за случајот „Монструм“ на Специјалното јавно обвинителство, за петкратното убиство на Смилковско езеро од 12 април 2012 година, продолжува на 31 август со сослушување на загрозениот сведок од страна на судот. На денешното рочиште заштитениот сведок одговараше за прашања на адвокатите од одбраната, откако на рочиштето на 22 август заврши сослушувањето од страна на …

„Монструм“ на СЈО продолжува на 31 август Read More »

Бакојани: Нова демократија нема да гласа за Договорот од Преспа


Како што се одвиваа работите ќе биде многу тешко да има промена и Договорот да не дојде во Парламентот. Единствено што можам да кажам е дека ние нема да гласаме „за“, вели поранешната грчка министерка за надворешни работи, Дора Бакојани, а сега пратеник во Нова демократија, во интервју за радио „Практорио ФМ“ за Договорот од …

Бакојани: Нова демократија нема да гласа за Договорот од Преспа Read More »

Одбраната на обвинетите во „27 април“ тврди дека предметот е политички мотивиран


Со воведните зборови на останатите адвокати на обвинетите во предметот „27 април“, за крвавите насилства во македонското Собрание од 2017 година, денеска во Кривичниот суд во Скопје се оддржува третото продолжение на овој судски процес, еден од најголемите во поновата македонска истрорија. На обвинителната клупа се седнати 33 лица, пратеници, поранешни функционери, јавни личности, полицајци, …

Одбраната на обвинетите во „27 април“ тврди дека предметот е политички мотивиран Read More »

Силувана штитеничка од Домот за деца со социјални проблеми


Четиринаесетгодишно девојче од Скопје од Домот за деца со социјални проблеми кое престојувало во одморалиштето „25-ти Мај“, синоќа во Полициската станица во Струга пријавило дека истиот ден околу 16 часот непознато лице извршило други полови дејствија врз неа, информира МВР. Според пријавата, девојчето било на плажа и потоа заминало кон излезот од Струга. Таму била …

Силувана штитеничка од Домот за деца со социјални проблеми Read More »

ДИК го усвои Кодексот за набљудување на референдумот


Државната изборна комисија (ДИК) на денешната седница го усвои Предлог-кодексот за набљудување на референдумот. Како што беше речено, Кодексот става акцент на акредитираните набљудувачи. Тие треба да го познаваат Законот, да се придржуваат кон неговите одредби, да се непристрасни и секогаш со себе да го носат беџот за идентификација. – За фер и коректно набљудување …

ДИК го усвои Кодексот за набљудување на референдумот Read More »

Алатката за отчетност се „сервисира“


Алатката за отчетност на трошоците на носителите на јавни функции, која беше поставена на веб-страницата на Владата, не е укината. Портпаролот Миле Бошњаковски објасни дека не излегле со нови информации колку пари потрошиле функционерите бидејќи изминатиот период бил полн со политички активности, ама и дека алатката, делумно во софтверскиот дел ќе претрпи промени. „Можете да …

Алатката за отчетност се „сервисира“ Read More »

Најниската цена клучна кој ќе го добие тендерот


Тендерот тежок 660 илјади евра на Службата за општи и заеднички работи при Владата, за хортикултурно одржување и уредување на 20 државни објекти низ државава, е за површина од 133.654 квадратни метри и за период од три години. Владиниот портпарол Миле Бошњаковски објасни дека наведената сума во тендерот е само проценка и дека не значи …

Најниската цена клучна кој ќе го добие тендерот Read More »

Тевдовски: Нема потреба од ребаланс на буџетот за одвоените средства за референдумот


Средствата одвоени за референдумот од 80 милиони денари се од резервни функции на државата и тоа нема да предизвика ребаланс на Буџетот. Ова го истакна министерот за финансии Драган Тевдовски одговорајќи на новинарски прашања при денешната посета во Велес. – Точно ќе бидат обезбедени 80 милиони денари, а апсолутно нивната големина не би предизвикала ребаланс …

Тевдовски: Нема потреба од ребаланс на буџетот за одвоените средства за референдумот Read More »

Вучиќ: Воведување воен рок ќе ја чини државата меѓу 90 и 100 милиони евра


Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави денеска дека воведувањето на обврзен воен рок од три месеци според негови процеки, ќе ја чини државата меѓу 90 милиони и 100 милиони евра. Тој рече дека проценките на поранешниот министер за одбрана за 600 милиони евра се однесувале за рок од една година. – Тоа значи дека за половина …

Вучиќ: Воведување воен рок ќе ја чини државата меѓу 90 и 100 милиони евра Read More »