Десет студенти на УКИМ ќе добијат стипендии од ОКТА


ОКТА и годинава ќе додели целосни стипендии за постдипломски студии за десет студенти на УКИМ. Според Меморандумот за соработка, потпишан меѓу компанијата и Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”, каде се дефинирани условите за добивање на оваа стипендија, ОКТА ќе ги поддржи најуспешните и најамбициозните студенти кои сакаат да го продлабочат своето знаење на повисоко ниво …

Десет студенти на УКИМ ќе добијат стипендии од ОКТА Read More »

За сите ученици со попреченост треба да има асистенти


Колку образовни и лични асистенти ќе бидат ангажирани во училиштата ќе се знае откако ќе почне учебната година. Од Министерството за образование и наука велат дека сè зависи од барањата на родителите, кои треба да се достават до Министерството од страна на училиштата. Подвлекуваат дека работат на реформирање на целокупниот образовен систем. Во процедура е …

За сите ученици со попреченост треба да има асистенти Read More »

Бројчаникот стои, ама сѐ уште не брои


Бројчаникот кој треба да го регистрира враќањето на парите што биле нелегално потрошени од буџетот во претходните години е поставен на врвот на порта „Македонија“ во центраот на Скопје, ама сѐ уште не функционира. Владиниот портпарол Миле Бошњаковски вели дека не може да каже кога точно бројчаникот ќе почне да ги прикажува вратените пари. Сепак, …

Бројчаникот стои, ама сѐ уште не брои Read More »

Аболицијата од Иванов не му помогна на Мијалков


Судијката Џенета Бегтовиќ од Кривичниот суд во Скопје, на денешното рочиште за случајот „Тврдина-Таргет“ на СЈО го одби барањето на поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков за прекинување на постапката против него за за масовното нелегално прислушување. Мијалков се повика на аболицијата од претседателот Ѓорге Иванов, ама судијката Бегтовиќ рече дека за аболицијата судот веќе …

Аболицијата од Иванов не му помогна на Мијалков Read More »

Референдумскиот карван тргна без ВМРО-ДПМНЕ


Владејачката гарнитура и другите партии и граѓански здруженија што се обединија во коалиција за поддршка на договорот со Грција од вчера  официјално почнаа кампања за успешност на референдумот на 30 септември. На првиот ден што е определен во роковникот на ДИК за почеток на јавната пропаганда, повикот „Излези за европска Македонија“ беше испратен од Клубот …

Референдумскиот карван тргна без ВМРО-ДПМНЕ Read More »

Сведочење на Манчевски: Се закануваа дека ќе нѐ убијат


Сите триесет и тројца обвинети за случувањата во Собранието на 27 април 2017 година се присутни на денешното рочиште во Кривичниот суд во Скопје, на кое треба да бидат сослушани четворица сведоци предложени од Обвинителството. Денешното рочиште почна со сослушување на сведокот Дамјан Манчевски, сега министер за информатичко општество и администрација, а треба да сведочат …

Сведочење на Манчевски: Се закануваа дека ќе нѐ убијат Read More »

Одбраната на Груевски бара изземање на судечкиот совет на Апелација


По половина час пауза судечкиот совет на Апелација донесе одлука да се одржи јавната расправа за случајот „Тенк“ и покрај неприсуството на адвокатите на обвинетиот Никола Груевски. Тие се присутни на рочиште за насилствата во Собранието на 27 април поради што беше побарано одложување на денешната расправа. Во нивно име се обрати адвокатот Стерјо Зиков, …

Одбраната на Груевски бара изземање на судечкиот совет на Апелација Read More »

Груевски бара одложување, Апелација се мисли


И на вториот ден од закажаната јавна расправа во Апелицискиот суд за случајот „Тенк“, отсуствуваат адвокатите на обвинетиот Никола Груевски, кој се појави во судот. Сите четворица негови адвокати писмено го известија судот дека не можат да присуствуваат на расправата, затоа што се ангажирани во други предмети што ги води Специјалното јавно обвинителство. Апелацискиот суд …

Груевски бара одложување, Апелација се мисли Read More »

Розенборг по втор пат ја победи Шкендија во плејофот за Лига Европа


Норвешкиот тим Розенборг ја елиминираше Шкендија од Лига Европа, откако со 2:0 го совлада македонскиот првак на реванш натпреварот од плејоф колото за пласман во групната фаза од ова европско натпреварување. Претходно, Розенборг ја победи Шкендија со 3:1 на првиот натпревар, кој се одигра во Норвешка. Во првото полувреме Шкендија испушти шанса да поведе, откако …

Розенборг по втор пат ја победи Шкендија во плејофот за Лига Европа Read More »

Заедницата на Македонците во Албанија со поддршка за напредокот на Македонија кон ЕУ и НАТО


Премиерот Зоран Заев денеска се сретна со претставници од заедницата на Македонците во Албанија, Ефтим Митревски и Нико Китани, кој е и претставник на македонското малцинство во Комитетот за национални малцинства при Владата на Република Албанија. На средбата, како што соопшти владината прес-служба, од претставниците од заедницата на Македонците во Албанија е изразена поддршка за успешните …

Заедницата на Македонците во Албанија со поддршка за напредокот на Македонија кон ЕУ и НАТО Read More »

Лука Модриќ избран за најдобар играч во Лигата на шампионите за минатата сезона


Фудбалерот на Реал и капитенот на хрватската репрезентација, Лука Модриќ,  за првпат во кариерата беше избран за најдобар играч во Лигата на шампионите за минатата сезона. Модриќ престижната награда ја доби во конкуренција со доскорешниот соиграч Кристијано Роналдо и напаѓачот на Ливерпул Мохамед Салах. – Ние сме едно големо семејство. Дали ќе се обидеме да …

Лука Модриќ избран за најдобар играч во Лигата на шампионите за минатата сезона Read More »

Нови 100 милиони евра од кредитната линија на ЕИБ


Од оваа есен фирмите ќе можат да аплицираат за 100 милиони евра евтини кредити обезбедени од Европската инвестициска банка (ЕИБ). Предлог на Законот за гаранција на РМ на обврските по овој финансиски договор влезе во собраниска процедура. Откако ќе биде усвоен ќе следи потпишување на финансискиот договор за гаранција, по што фирмите ќе може да …

Нови 100 милиони евра од кредитната линија на ЕИБ Read More »

М-НАВ бара кандидати за контролори на летање


Македонска Навигација (М-НАВ) ги повикa сите заинтересирани полнолетни лица на возраст до 25 години да се пријават за една од најценетите, но и најодговорни професии – контролор на летање. „Со порастот на бројот на летови и прелети на нашето небо, се зголемува и потребата од нови кадри во одделот којшто е најдиректно одговорен за безбедноста …

М-НАВ бара кандидати за контролори на летање Read More »

АХВ: Од сабота бесплатно микрочипирање на домашни миленици


Од сабота 1 септември почнува кампањата за бесплатна идентификација и регистрација на домашните миленици (кучиња и мачки) што ќе трае до 31 март идната година или до потрошувањето на набавената колична од 100.000 микрочипови. Ќе се спроведува по принципот „прв дојден, прв услужен“. За спроведување на кампањата Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) склучи договори …

АХВ: Од сабота бесплатно микрочипирање на домашни миленици Read More »

Владата бара проекти за парите од Штипскиот аеродром


Општините да достават готови проекти до Владата за да може да ги искористат парите кои беа наменети за изградба на карго аеродромот во Штип, а сега се пренаменети за инфраструктурни проекти во општините, апелираше министерот за транспорт и врски Горан Сугарески. „Се работи за сериозна сума на пари од кои 40 милиони евра од планираните …

Владата бара проекти за парите од Штипскиот аеродром Read More »

Кому да му каже „не“ Мицкоски?


Александра М. Митевска Донекаде се разбирливи премислувањата, одолговлекувањата и тактизирањата на опозицискиот лидер Христијан Мицкоски околу (не)учеството на претстојниот референдум. Изборот меѓу останување дома на 30 септември или меѓу „да“ или „не“ на референдумското прашање е само навидум едноставна работа. Посебно за новиот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, кој дојде на партискиот врв во мошне деликатни околност …

Кому да му каже „не“ Мицкоски? Read More »

Изворот на заразата не е утврден по смртта на двегодишното дете во Прилеп


Ниту кај родителит ниту кај луѓето што имале близок контакт со двегодишното детенце кое почина во петокот на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби не се најдени бацилоносители на менингококна бактерија. Епидемиологот д-р Владимир Микиќ од Институт за јавно здравје додава дека и дополнителните анализи од земените материјали од крвта и ликворот на детето, …

Изворот на заразата не е утврден по смртта на двегодишното дете во Прилеп Read More »

Заев ќе ја шири референдумската коалиција


Коалицијата „Заедно за европска Македонија“, уште денеска, ќе го означи стартот на кампањата за референдумот, по синоќешната средба на партиите – поддржувачи на договорот со Грција, што ја свика премиерот Зоран Заев. – Смислата на оваа коалиција е да се создаде движење за сите кои се за успешен референдум, да ги поканиме граѓаните да гласаат …

Заев ќе ја шири референдумската коалиција Read More »

За Крива Паланка – Деве Баир 10 милиони евра од ЕБОР


Ќе се рехабилитира и прошири патната делница Крива Паланка – Деве Баир со две коловозни ленти во колосек со три ленти, еден коловоз со две ленти како и еден коловоз со три коловозни ленти, со вкупна должина од 13 километри. Оваа патна делница е дел од источниот Пан-европски патен коридор 8. Министерството за финансии информираше …

За Крива Паланка – Деве Баир 10 милиони евра од ЕБОР Read More »

Франко, Александар и Михајлов


Љупчо Поповски На прв, па и на втор поглед, врската меѓу шпанскиот диктатор Франциско Франко, античкиот освојувач Александар Велики и облеаниот во крв меѓувоен лидер на ВМРО, Ванчо Михајлов, е речиси неможно да се најде. Па сепак, денешнината може да повлече паралела за овие три личности. Таа е едноставна – соочување со минатото и неговото …

Франко, Александар и Михајлов Read More »