Бројчаникот стои, ама сѐ уште не брои


Бројчаникот кој треба да го регистрира враќањето на парите што биле нелегално потрошени од буџетот во претходните години е поставен на врвот на порта „Македонија“ во центраот на Скопје, ама сѐ уште не функционира.
Владиниот портпарол Миле Бошњаковски вели дека не може да каже кога точно бројчаникот ќе почне да ги прикажува вратените пари. Сепак, тој рече дека дел од партите веќе се вратиени на трезорската сметка на буџетот. Како што е познато, вели, се водат и судски процеси од кои се очекуваат пресуди кои ќе значат враќање и на други средства во буџетот.
Поставувањето на бројчаникот го најавуваше премиерот Зоран Заев уште кога како опозиционер ги објавуваше снимките од прислушуваните разговори. Иако актуелната влада е избрана пред повеќе од една година, бројчаникот дури вчера беше поставен на портата која е дел од контроверзниот проект „Скопје 2014′.