За Крива Паланка – Деве Баир 10 милиони евра од ЕБОР


Ќе се рехабилитира и прошири патната делница Крива Паланка – Деве Баир со две коловозни ленти во колосек со три ленти, еден коловоз со две ленти како и еден коловоз со три коловозни ленти, со вкупна должина од 13 километри. Оваа патна делница е дел од источниот Пан-европски патен коридор 8. Министерството за финансии информираше дека во собраниска процедура влезе Предлог на Законот за гаранција на РМ на обврските по Договорот за заем за финансирање на оваа патна делница. Договорот за заем ќе се склучи меѓу Европската банка за обнова и развој и ЈП за државни патишта.

За реализација на овој проект преку ЕБОР се обезбедуваат 10 милиони евра. Дополнително се очекува во декември 2018 година да биде официјално одобрен и инвестициски грант во износ од 2,62 милиони евра од инструментот Инвестициска рамка за Западен Балкан.