Горивата поскапуваат за денар и денар и пол


Малопродажната цена на бензините и дизелот од ноќеска на полноќ се зголемува од еден од 1,5 денар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика. Според Одлуката, новата цена на Еуросупер БС-95 се зголемува за еден денари и ќе изнесува 72 денари за литар, Еуросупер БС-98 се зголемува за 1,5 денари и ќе изнесува 74 денари за литар. …

Горивата поскапуваат за денар и денар и пол Read More »

(ВО ЖИВО) Дебата во Град Скопје за гасоводот на Водно


Град Скопје денеска организира јавна дебата за изградбата на гасоводот на Водно на која градоначалникот Петре Шилегов покани претставници на надлежните државни органи, како и граѓански здруженија кои покажаа загриженост поради проектот. – Очекувам на дебатата да го почнеме процесот на соочување факти и аргументи. Од средбата ќе има пренос „лајф стрим“ и верувам дека …

(ВО ЖИВО) Дебата во Град Скопје за гасоводот на Водно Read More »

Собранието ќе ги врати парите што нема ги искористи за кампањата


Владата му префрлила 80 милиони денари на Собранието за кампањата за референдумот, но финансиите наменети за 41 отсто од пратениците ќе бидат неискористени и не може да се пренаменат, информираат од Собранието на Република Македонија. Во соопштението се наведува дека по барањето на Собранието за одобрување на финансиски средства за кампањата за референдумот што ќе …

Собранието ќе ги врати парите што нема ги искористи за кампањата Read More »

Сашо Тасевски: Заминувам од кормилото на Драмски театар


Актерот Сашо Тасевски кој ја извршуваше функцијата в.д. директор на Драмскиот театар од Скопје испрати обраќање до медиумите, во кое најавува дек азаминува од кормилото на Драмски театар. Неговото обраќање ви го пренесуваме интегрално: „Има актери и актерки кои никој не ги знае по улогите што ги играле. Тие се најтоксични, зашто својот недостаток на …

Сашо Тасевски: Заминувам од кормилото на Драмски театар Read More »

(ВИДЕО) Изгоре Музеј стар 200 години во Рио де Женеиро


Огромен пожар го уништи познатиот Национален музеј на Рио де Женеиро, а пожарникарите се уште се обидуваат да го совладаат огнот. Причината за пожарот, кој избувнал по затворањето на музејот, се уште не е позната. Пожарникарите соопштија дека за неколку часа ќе го изгаснат огнот. Нема информации за настрадани лица. Музејот е изграден пред 200 …

(ВИДЕО) Изгоре Музеј стар 200 години во Рио де Женеиро Read More »

Бошкоски: Мијалков го издигнаа како библиска личност


Мене ми е многу жал што се случи таков настан, настан што сакам да го избришам од мојата меморија, но еве со денешново судење ми се враќа како нова епизода од мојот живот. Ова го рече оштетениот Љубе Бошкоски на денешното рочиште во Кривичниот суд, на кое се сослушува во својство на сведок. Одговарајќи на …

Бошкоски: Мијалков го издигнаа како библиска личност Read More »

Драстично зголемување на цената на цигарите во Австралија


Новата цена на кутија цигари во Австралија изнесува од 28 до 33 австралиски долари, односно од 17 до 20 долари, јавуваат австралиските медиуми. Светската здравствена организација ги повика сите земји во светот да ги зголемат даноците на цигарите, истакнувајќи дека високите цени се најдобар начин за прекинување со пушење кај возрасните, но и кај децата. …

Драстично зголемување на цената на цигарите во Австралија Read More »

Социјалдемократите им ветија на родителите во Шведска уште една недела одмор


Владејачките шведски социјалдемократи ветија во изборниот манифест уште една недела одмор за родители. Многумина во Европа веќе им завидуваат на Швеѓаните кои, ако работат со полно работно време, имаат право на одмор од пет недели, како и долго породилно отсуство. Истражувањата покажуваат дека пред изборите на 9-ти септември, Социјалдемократската партија и понатаму останува најголема шведска …

Социјалдемократите им ветија на родителите во Шведска уште една недела одмор Read More »

Со „Звуците на чаршијата“ ќе заживува традицијата


Во старото градско јадро на Скопската чаршија на 7 и 8 септември (петок и сабота) ќе се одржи традиционалната манифестација „Звуците на чаршијата“, чија цел е веќе неколку години преку концерти од сите жанрови, перформанси, фолклорни настапи, поезија, ликовна колонија и презентација на стари занаети, чаршијата да заживее во духот на традицијата како културен и …

Со „Звуците на чаршијата“ ќе заживува традицијата Read More »

Грчките медиуми за интервјуто на Димитров за ИБНА


„Димитров оптимист за референдумот“; „Димитров: Македонци и вие, Македонци и ние“; „Димитров: Македонскиот јазик е во групата јужнословенски јазици“; „Димитров: Договорот ќе биде прифатен, ние сме природни сојузници“; „Димитров: Правото на самоопределување не може да се оспори“; „Димитров: Македонци и ние, Македонци и вие, зошто ова да биде проблем?“, се дел од насловите во онлајн …

Грчките медиуми за интервјуто на Димитров за ИБНА Read More »

Поради 24-часовен штрајк закотвени бродовите во Грција


Закотвени на пристаништата од 6 часот утрово се сите грчки бродови поради 24-часовниот штрајк на Поморската федерација на Грција. Како што јави дописничката на МИА од Атина, причината за штрајкот кој постои опасност да продолжи и во следните денови се колективните договори за екипажите на бродовите. Од федерацијата бараат зголемување за пет отсто на колективните …

Поради 24-часовен штрајк закотвени бродовите во Грција Read More »

Уште денеска откажете го саботниот шопинг во Солун


Против Договорот од Преспа, на мирен и решителен начин, без партиски обележја и без говорници, грчките организации од дијаспората и „Комисиите за борба за Македонија“ ги повикуваат Грците во сабота, во 19 часот, да излезат на протест во Солун, за време на отворањето на Меѓународниот саем. Сите оние кои планираа викендов да го поминат на …

Уште денеска откажете го саботниот шопинг во Солун Read More »

Новинари на Ројтерс осудени на седум години затвор во Мјанмар


Суд во Мјанмар осуди двајца новинари на Ројтерс на седум години казна затвор. Новинарите Ва Лон и Куав Сое О се изјаснија за невини по обвиненијата за кршење на Законот за државна тајна. Максималната казна, која им се закануваше, беше 14 години затвор. Двајцата новинари известуваа за минатогодишната брутална операција на Армијата на Мјанмар против Рохинџите во …

Новинари на Ројтерс осудени на седум години затвор во Мјанмар Read More »

Србија: Откриено даночно затајување од околу 55 милиони евра, 66 лица уапсени


Даночната полиција за првите седум месеци оваа година открила 102 „фантомски“ и „пералници“ претпријатија, кои претставуваат главен извор на сивата економија, што е за дури 36 отсто повеќе од истиот период лани, изјави за „Вечерње новости“ Драгана Марковиќ, директорка на Даночната управа на Србија. Таа истакна дека Секторот на даночната полиција од јануари до крајот …

Србија: Откриено даночно затајување од околу 55 милиони евра, 66 лица уапсени Read More »

Се истражува експлозијата во наменската фабрика „Сувенир“


Полицијата го истражува случајот со експлозијата во наменската фабрика „Сувенир“ кај Самоков, што се случи вчера околу 16,10 часот. Според СВР Битола нема повредени, ниту загинати во експлозијата. Ситуацијата е стабилизирана, пожарот е локализиран. При синоќешната посета на фабриката, никој на влезот не сакаше да зборува за случајот, туку само упатуваа на истражните органи кои …

Се истражува експлозијата во наменската фабрика „Сувенир“ Read More »

(ФОТО/ВИДЕО) Самсунг претстави нов телевизор: Со 8к резолуција како да гледате во живо, а не на екран


Пристигнува новиот телевизор на компанијата „Самсунг електорникс“, а тоа е „QLED“ кој има 8к резолуција и секоја секунда која ја гледате на екранот е толку реална што имате чувство дека сето тоа се случува во реален живот. Овој новитет на „Самсунг“ беше претставен на годинешниот Саем за потрошувачка електроника „ИФА“ во Берлин. Екипа на „Независен …

(ФОТО/ВИДЕО) Самсунг претстави нов телевизор: Со 8к резолуција како да гледате во живо, а не на екран Read More »

Кој ќе му остане верен на Мицкоски?


На третиот ден од почетокот на јавната кампања за референдумот, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ги собра коалициските партнери, но и тој состанок не резултираше со конкретен став во врска со гласањето на 30 септември. Следниот ден, раководството на ВМРО-ДПМНЕ замина за Кичево, на протестниот марш што беше одложен пред околу еден месец поради учеството …

Кој ќе му остане верен на Мицкоски? Read More »

Опозицијата се обединува во „Сојуз за Србија“


Белград –    Десет опозициски партии, вечерва во Белград, го формира „Сојузот за Србија“ – политички блок кој  се залага за создавање услови за фер избори, борба против криминалот, нова економска политика, вработување на младите и борбата против сиромаштијата, а се  противи на членството на Приштина во ОН. Иницијативата за формирање на „Сојузот за Србија“ …

Опозицијата се обединува во „Сојуз за Србија“ Read More »

Распустот заврши, почнува учебната 2018-2019 година


Заврши летниот распуст за основците и за средношколците. Утре почнува новата  учебна 2018-2019 година. За прв пат во училишните клупи ќе седнат над 20 илјади основци, додека во прва година во средно училиште се запишани над 16 илјади ученици. Владата, на последната седница,  донесе одлука за зголемување на платите на вработените во основно и во …

Распустот заврши, почнува учебната 2018-2019 година Read More »

Во Триполи прогласена вонредна состојба


  Триполи – Меѓународно признаената Влада на Либија прогласи вонредна состојба во Триполи и неговата околина откако во повеќедневните судири загинаа 39 луѓе. Борбите за контрола на Триполи почнаа минатата недела помеѓу вооружени групи од градот и од едно населено место јужно од главниот град. Според податоци на либиското Министерство за здравство во судирите повредени …

Во Триполи прогласена вонредна состојба Read More »