Опозицијата се обединува во „Сојуз за Србија“


Белград –    Десет опозициски партии, вечерва во Белград, го формира „Сојузот за Србија“ – политички блок кој  се залага за создавање услови за фер избори, борба против криминалот, нова економска политика, вработување на младите и борбата против сиромаштијата, а се  противи на членството на Приштина во ОН. Иницијативата за формирање на „Сојузот за Србија“ ја покрена Драган Џилас, а засега членки на Сојузот се Демократска партија (Зоран Лутовац), Народната партија (Вук Јеремиќ), Левица на Србија (Борко Стефановиќ), Здрава Србија (Милан Стаматовиќ), Заедно за Србија (Небојша Зеленовиќ), Синдикатот Слога (Жељко Веселиновиќ); ДВЕРИ (Бошко Обрадовиќ), Движењето за преродба (Јанко Веселиновиќ) и движењето „Татковина“(Славиша Ристиќ).

Во заедничката изјава лидерите на опозицискиот блок наведоа дека се собрале не само за да ја сменат власта која ја предводи претседателот на Србија и на Српската напредна партија, Александар Вучиќ, туку и за “промена на политиката на понижување на сите граѓани на Србија”.

Во Србија пред 10 дена се формира уште еден опозициски „Граѓански блок 381“, предводен од Саша Јанковиќ лидер на Движењето на слободни граѓани, во кој влегоа и Зелената еколошка партија – Зелени, Унгарското движење, Коалиција за толеранција (Влашката национална партија, Движење на Војводина, Бошњачката граѓанска партија, Црногорската партија, Толеранција на Србија) и Шумадија регион.