Поради 24-часовен штрајк закотвени бродовите во Грција


Закотвени на пристаништата од 6 часот утрово се сите грчки бродови поради 24-часовниот штрајк на Поморската федерација на Грција.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, причината за штрајкот кој постои опасност да продолжи и во следните денови се колективните договори за екипажите на бродовите.

Од федерацијата бараат зголемување за пет отсто на колективните договори, додека пак од компаниите предложиле зголемување за еден отсто сега и уште еден отсто од први јуни 2019, нешто што не било прифатено од Поморската федерација на Грција.