(ВИДЕО) Керим: И јас сум од МПМ, ќе кажам се кога ќе биде време


И јас сум од МПМ, ќе кажам се кога ќе дојде време, рече поранешниот управител на МПМ Срѓан Керим кој беше на распит во СЈО како осомничен за распадот на МПМ. Една од новинарките присутни пред СЈО искоментира дека таа била од МПМ на што Керим рече и јас сум од МПМ. Тој не сакаше …

(ВИДЕО) Керим: И јас сум од МПМ, ќе кажам се кога ќе биде време Read More »

Тачи: Гласањето „за“ е најголем патриотизам


Излезете масовно на претстојниот референдум и гласајте „за“, тоа е најголемиот патриотизам што можете да го покажете. Постигнатиот договор со Грција за името е најправичната одлука, затоа што иднината и на Косово, и на Македонија и на целиот регион е во ЕУ и НАТО. Оваа мотивирачка порака до македонската јавност претседателот на Косово, Хашим Тачи …

Тачи: Гласањето „за“ е најголем патриотизам Read More »

(ФОТО/ВИДЕО) Распитот на Станисављева траеше половина час, Керим пристигна подоцна


Распитот на директорката на МПМ, Јана Станисављева, во Специјалното јавно обвинителство траеше само половина час. Станисављева ги игнорираше новинарските екипи и одби да даде изјава зошто е повикана на распитот. Според неофицијални информации, Станисављева и Срѓан Керим кој беше управител на фимрата се повикани во СЈО да дадат исказ во рамки на истрагата што ја …

(ФОТО/ВИДЕО) Распитот на Станисављева траеше половина час, Керим пристигна подоцна Read More »

Ибраими: Еден од напаѓaчите ми рече дека ниту Ердоган нема да ме спаси


Откако беше сослушан пратеникот од Партијата на Движење на Турците во Македонија Енес Ибраими за случувањата во Собранието на Република Македонија на 27 април минатата година, претседателката на судечки совет судијката Добрила Кацарска даде половина час пауза, по што треба да почне сослушувањето на сведокот Петар Атанасов. На прашања од обвинителката Вилма Рускоска, сведокот Ибраими …

Ибраими: Еден од напаѓaчите ми рече дека ниту Ердоган нема да ме спаси Read More »

(ФОТО) Јана Станисављева пристигна на распит во СЈО


Директорката на МПМ, Јана Станисављева утрово пристигна во Специјалното јавно обвинителство, каде беше повикана на распит. Таа не даде изјава за медиумите зошто е повикана. Според неофицијални информации, Станисављева и Срѓан Керим кој беше управител на фимрата се повикани во СЈО да дадат исказ во рамки на истрагата што ја води обвинителството за евентуални злоупотреби …

(ФОТО) Јана Станисављева пристигна на распит во СЈО Read More »

Судењето за 27 април продолжи со сослушување на сведокот Ибраими


Судскиот процес за случувањата во Собранието на Република Македонија на 27 април минатата година, продолжи денеска со сослушување на сведокот Енес Ибраими. Во Кривичниот суд се присутни сите сведоци повикани за денешното рочиште. За денеска е закажано сведочење на Хари Локвенец, Петар Атанасов, Енес Ибраими и Катерина Кузмановска. Претседател на судечки совет е судијката Добрила …

Судењето за 27 април продолжи со сослушување на сведокот Ибраими Read More »

„Таргет-Тврдина“ одложено за 8 октомври


Денешното рочиште за предметот „Таргет-Тврдина“ на Специјалното јавно обвинителство, за незаконското следење на комуникациите, е одложено за 8 октомври. Судењето е одложено поради тоа што не е добиена одлуката на Апелацискиот суд по жалбата за судење во отсуство на поранешниот началник на Петтата управа во МВР, Горан Грујевски во предметот „Трезор“ и спојувањето на постапката …

„Таргет-Тврдина“ одложено за 8 октомври Read More »

Ѕанакопулос: Постои мнозинство во грчкиот Парламент да се ратификува Договорот од Преспа


Портпаролот на грчката Влада и министер без ресор на Грција, Димитрис Ѕанакопулос, во интервју  за грчкото радио „Реал фм“, уште еднаш го повторува ставот дека Договорот од Преспа без проблем ќе биде ратификуван во грчкиот Парламент. – Секако дека ќе помине во парламентот. Може секој да ги изброи политичките изјави дадени до сега и да …

Ѕанакопулос: Постои мнозинство во грчкиот Парламент да се ратификува Договорот од Преспа Read More »

Електрични такси возила во Солун


Такси компанија „Таксивеј“ од Солун, во соработка со Институтот за одржлива мобилност и транспорт, планира во текот на 2019 година да почне да користи електрични такси возила. Засега главен предизвик за воведувањето на електричен такси превоз во Солун е изградбата на постројки за брзо полнење на возилата, кои ќе мора да бидат наполнети најмалку еднаш …

Електрични такси возила во Солун Read More »

Поранешниот генерален секретар на ОН, Кофи Анан, ќе биде погребан во Гана


Поранешниот генерален секретар на ОН, Кофи Анан, кој почина на 18 август на 80-годишна возраст, денеска ќе биде погребан во неговата родна земја Гана. По јавната комеморација во Меѓународниот конференциски центар во главниот град Акра, добитникот на Нобелова награда за мир ќе биде погребан со приватна церемонија на воените гробишта на Акра. Покрај сопругата на …

Поранешниот генерален секретар на ОН, Кофи Анан, ќе биде погребан во Гана Read More »

Срѓан Керим и Јана Станисављева викнати во СЈО


Првите луѓе на Медиа принт Македонија, управителот Срѓан Керим и директорката Јана Станисављева денеска се викнати на распит во Специјалното јавно обвинителство. Според неофицијални информации, двајцата се повикани да дадат исказ во рамки на истрагата што ја води обвинителството за евентуални злоупотреби на тогашните први луѓе на компанијата, во чија сопственост беа весниците „Дневник“, „Утрински“ …

Срѓан Керим и Јана Станисављева викнати во СЈО Read More »

Папата нареди финансиска истрага на хорот на Систинската капела


Папата Франциско нареди да се спроведе истрага за финансиски малверзации во работењето на познатиот хор на Систинската капела. Според црковните власти, истрагата тајно се вршела во изминатите неколку месеци, а во нејзин фокус се свештениците кои се менаџер и директор на хорот. Хорот на Систинската капела се смета за најстариот се уште активен хор во …

Папата нареди финансиска истрага на хорот на Систинската капела Read More »

Кривична за велешанец, полицијата му пронашла хероин


Секторот за внатрешни работи Скопје, до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против А.С.(29) од Велес осомничен дека извршил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“. На ул.„Сава Михајлов“ во Скопје на 10.09.2018 година во 19.30 часот полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „Матиз“ со велешки …

Кривична за велешанец, полицијата му пронашла хероин Read More »

Алијансата за Албанците повика на референдумско изјаснување „за“ НАТО и ЕУ


Претседателот на политичката партија Алијанса за Албанците, Зијадин Села во Гостивар повика на масовност и поддршка на претстојниот референдум. Тој на собирот во амфитеатарот во градскиот парк пред сопартијците и симпатизерите зборуваше за потребата која ја нарече природна, албанците од Македонија да бидат во НАТО и ЕУ. – Да излезме на 30 септември масовно и …

Алијансата за Албанците повика на референдумско изјаснување „за“ НАТО и ЕУ Read More »

Детален дневен хороскоп


ОВЕН: Како благороден знаменосец, истапувате напред самоуверено со високи стандарди, храбри и со силни емоции. Сега е време да ги покажете различните таленти и способности, потврдувајќи си ја својата вредност. Верувајте си. Потенцијална романса. Блескате. БИК: Доаѓате до промена во животниот стил, иако не по своја заслуга, но ваша е одговорноста да поставите солидни стандарди, …

Детален дневен хороскоп Read More »

Стејт департментот изрази надеж за успех на референдумот


Во пресрет на денешната посета на Вес Мичел, помошник-државен секретар за Европа и Евроазија на Македонија, американскиот Стејт департментот изрази надеж за успех на референдумот и повторно укажа на историската важност на Договорот од Преспа. Во изјава за МИА портпарол на Стејт департментот посочи дека имплементацијата на Договорот со Грција ќе овозможи Македонија да стане …

Стејт департментот изрази надеж за успех на референдумот Read More »

Чешка планира својата Амбасада во Израел да ја премести во Ерусалим


Чешка планира својата Амбасада во Израел да ја премести од Тел Авив во Ерусалим, по примерот на САД кои тоа го сторија во мај годинава, јави ДПА, Претставник на чешкиот претседател Милош Земан информира дека отворањето на Чешкиот културен центар во Ерусалим, предвидено за во ноември, може да претставува прв чекор кон преместувањето на Амбасадата. …

Чешка планира својата Амбасада во Израел да ја премести во Ерусалим Read More »

Барател на азил во Германија скокна од третиот кат на центар за мигранти


Барател на азил од Нигерија, кој требало да биде депортиран од Германија, серизоно е повреден откако вчера скокнал од прозорец на третиот кат на зграда, додека властите се обидувале да го уапсат. Полицијата соопшти дека 25-годишниот маж се затворил во својата соба во центарот за сместување на мигранти во градот Зигмаринген, југозападна Германија. Кога полициските …

Барател на азил во Германија скокна од третиот кат на центар за мигранти Read More »

Прекин на сообраќајот на патот Прилеп-Градско


На експресниот пат Прилеп – Градско, делница Фариш – Дреново, поради градежни работи денеска ќе има прекини на сообраќајот. Прекините ќе започнат во 09:00 и 11:00 часот и ќе траат околу 30 – 45 минути. После 11:45 часот сообраќајот ќе се нормализира.

Кино на отворено продолжува во Градски летен парк


Со темната приказна раскажана на забавен начин, еден од најпознатите вознемирувачки филмови на режисерот Вуди Ален, „Ирационален човек“, ќе започне филмскиот викенд на отворено во Градскиот летен парк. Во петок на големото платно во Градскиот парк ќе биде прикажан визуелно спектакуларниот филм „Големата убавина“ од режисерот Пауло Серентино. Убавата приказна, бесплатни филмски вечери преку „Кино …

Кино на отворено продолжува во Градски летен парк Read More »