Димитров му посака успех на Коѕијас и вети посветеност за заокружување на историското решение


Македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров му посака усех на шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас, кој вчера поднесе оставка и вети посветеност на процесот на заокружувањето на Договорот од Преспа. – Предводени од премиерите Алексис Ципрас и Зоран Заев, со министерот за надворешни работи Коѕијас имавме интензивни месеци на комуникација, станавме вистински пријатели …

Димитров му посака успех на Коѕијас и вети посветеност за заокружување на историското решение Read More »

Истражители го завршија претресот на резиденцијата на саудискиот конзул во Истанбул


Во рамки на истрагата за исчезнувањето на новинарот Џамал ​​Кашоги, турските истражители го завршија претресот на резиденцијата на саудискиот генерален конзул во Истанбул, јави Анадолија. Турските експерти од заедничката работна група за истрага на случајот „Кашоги“ рано утрово ја напуштија резиденцијата на саудискиот конзул. Во текот на синоќешната истрага, истражителите извршија детален преглед на објектот …

Истражители го завршија претресот на резиденцијата на саудискиот конзул во Истанбул Read More »

Керч: Бројот на убиени порасна на 20, од кои 11 се малолетни


Бројот на жртвите во вчерашниот напад во колеџ во Керч на Крим, се зголеми на 20, соопшти министерката за здравство на Русија, Вероника Скворцова. – Загинаа 20 лица, меѓу кои 15 студенти и пет вработени на факултетот. Од 15 настрадани студенти, 11 се малолетни, изјави таа. Министерката наведе дека се хоспитализирани 44 луѓе со „различен …

Керч: Бројот на убиени порасна на 20, од кои 11 се малолетни Read More »

Филип Димишковски, музичар: Наградата „Златен Орикс“ ми дава кредибилитет за понатаму


Младиот клавијатурист Филип Димишковски (23) е годинешниот добитник на наградата „Златен орикс“ за најмлад џез-музичар во земјава. Со музика се занимава уште од 12 години, а досега има соработувано со различни музички состави и индивидуални музичари, меѓу кои и „Љубојна“, „Конкеринг лајон“, Тони Китановски. Ексклузивни гости на 37. Скопски џез-фестивал – Ова е поттик за …

Филип Димишковски, музичар: Наградата „Златен Орикс“ ми дава кредибилитет за понатаму Read More »

Каде оди ВМРО-ДПМНЕ? Ученикот го надмина учителот…  


Кога пред околу десет месеци Христијан Мицкоски го наследи Никола Груевски на партискиот трон, веројатно, ретко кој очекуваше дека новиот лидер на  ВМРО-ДПМНЕ ќе успее за толку кратко време да навлече толу голем револт од меѓународната заедница, за што на неговиот претходник му беше потребна безмалку една деценија владеење – и тоа со манири кои …

Каде оди ВМРО-ДПМНЕ? Ученикот го надмина учителот…   Read More »

Заев го откажа учеството на Форумот во Белград поради уставните измени


Премиерот Зоран Заев, иако беше најавен како говорник на последниот панел од Белградскиот безбедносен форум, заедно со српската премиерка, Ана Брнабиќ, сепак, нема да присуствува. Организаторите на настанот за „Макфакс“ потврдија дека премиерот во последен момент го откажал учевството на сесијата в петок. Од Владата за „Макфакс“ велат дека причината за откажаното учество на Форумот …

Заев го откажа учеството на Форумот во Белград поради уставните измени Read More »

За десет месеци резервоар со дизел поскап за 525 денари


Цената на горивата годинава е во речиси континуиран раст. Од вчера еден литар еуросупер – 95 чини 74,5 денари или 8 денари повеќе отколку во јануари годинава, а дизелот достигна 69 денари, што е 10,5 денари повеќе од почетокот на годинава. Лани во јуни цената на литар еуросупер – 95 беше 60,5 денари, а дизелот …

За десет месеци резервоар со дизел поскап за 525 денари Read More »

Молчењето (не) е злато


Марија Павлеска На 8 октомври, минатиот понеделник, одекна веста за убиството на бугарската новинарка Викторија Маринова, која беше уредник во локалната телевизиска станица ТВН од Русе. Триесетгодишната Маринова истражувала и известувала за наводна корупција поврзана со фондовите на Европска Унија.Маринова е четвртиот новинар убиен во Европската Унија од 2017 година. Во изминатите 18 месеци беа …

Молчењето (не) е злато Read More »

За историски пораз нема оправдување


Ерол Ризаов Ако денот се познава по утрото и во циганско лето, Македонија е пред најголемиот пораз во својата современа историја. Вчудовидувачки за здравиот разум, меѓусебна примитивна борба меѓу пратениците на националистичката анахрона политичка партија ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата на европски ориентирани пратеници и партии, кои го претставуваат мнозинството во Собранието, на очиглед на јавноста, деновиве …

За историски пораз нема оправдување Read More »

Коѕијас на Твитер: Сакаа да ме закопаат, заборавија дека сум семе


Никос Коѕијас, кој денеска си поднес еоставка од функцијата министер за надворешни работи на Грција, се огласи и на социјалната мрежа „Твитер“. „Доаѓа моментот, како што вели поетот, кога мораш да одлучиш каде ќе одиш и кого ќе напуштиш. Работната група и повеќе министри ги донесоа своите одлуки вчера, а јас ја донесов својата. Како …

Коѕијас на Твитер: Сакаа да ме закопаат, заборавија дека сум семе Read More »

Мицкоски му одговори на Мичел: Секогаш е најтемно пред зората


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговори на отвореното писмо што вчера до него го испрати помошникот на државниот секретар на САД, Вес Мичел, во кое тој му порачува оти е разочаран од деструктивната политика на македонската опозиција и неприфаќањето на договорот, со кој остануваме надвор од евроинтеграциските текови. Мицкоски се заблагодарува за поддршката што ја добиваме …

Мицкоски му одговори на Мичел: Секогаш е најтемно пред зората Read More »

Дол ја објасни постапката за исклучување од ЕПП: Дали е тоа порака и до Мицкоски?


Претседателот на ЕПП Жозеф Дол ја објасни предмалку на твитер процедурата за исклучување членки од Европската народна партија. -Има јасни правила за исклучување партија од ЕПП. Член 9 од нашиот статут јасно вели дека седум членки  од пет земји мора да испратат барање до претседателството за да исклучат некоја партија. Ние секогаш се придржуваме до …

Дол ја објасни постапката за исклучување од ЕПП: Дали е тоа порака и до Мицкоски? Read More »

(ВИДЕО) Бомба на Техничкиот факултет во Керч на Крим, десетина загинати


Експлозијата на Техничкиот факултет во Керч на Крим е предизвикана од рачно изработена експлозивна направа, изјави првиот заменик на шефот на Националната гарда на Русија, Сергеј Меликов. Тој нагласи дека се работи за терористички напад. – Причина за експлозијата е рачно направена експлозивна направа, изјави Меликов. Деканката на факултетот, Олга Гребењикова изјави дека непознат напаѓач …

(ВИДЕО) Бомба на Техничкиот факултет во Керч на Крим, десетина загинати Read More »

СДСМ го гаси пожарот од „маслиновото гранче“


Социјалдемократите и вчера беа силно ангажирани во покривање на штетите од фрленото „маслиново гранче“ кон опозицијата од премиерот Зоран Заев на собраниската седницата за владиниот предлог за пристапување кон уставните измени. Пораките за простување и помирување, кои упатуваа на понуда за амнестија за настаните на 27 април, со оглед на околностите во Собранието околу потребата …

СДСМ го гаси пожарот од „маслиновото гранче“ Read More »

Се затвори Македонско село поради економска неисплатливост


Македонско село од утре повеќе нема да работи, соопштија од менаџментот на комплексот. „Ве информираме дека менаџментот на Комплексот Македонско Село донесе одлука за затворање на Комплексот и истиот престанува да работи од 18.10.2018 (четврток). Ви благодариме за сите заеднички моменти, убави спомени и посети во изминатите години“, стои во нивното известување на „Фејсбук“. Концесионерот …

Се затвори Македонско село поради економска неисплатливост Read More »

Неформална средба Коѕијас – Павлопулос


За прашањата и последните случувања во надворешната политика вчера во премиерската палата разговарале шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас и шефот на државата Прокопис Павлопулос. Тие имале средба која имала неофицијален и неформален карактер, според информациите на дописничката на МИА од Атина. Според истите информации, шефот на грчката дипломатија често го информира грчкиот претседател за …

Неформална средба Коѕијас – Павлопулос Read More »

(ВИДЕО) Продолжи расправата за уставните измени во Собранието


Во Собранието на Република Македонија продолжи расправата за Предлогот за пристапување кон уставни измени. Ова е трет ден од расправата за предлогот, што до Собранието беше доставен од Владата на Република Македонија, а кој произлегува од Договорот од Преспа. Според информациите од Собранието, голем дел од пријавените пратеници за збор се повлекле, но сепак, гласањето …

(ВИДЕО) Продолжи расправата за уставните измени во Собранието Read More »

Грчки медиуми: Коѕијас се заканил со оставка на вчерашната седница на грчката Влада


Поради тоа што не добил доволна поддршка од грчкиот премиер во кавгата со Каменос за време на вчерашната владина седница, шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас се заканил дека ќе си поднесе оставка. Ова, повикувајќи се на свои информации, го објавија дел од грчките медиуми. Несогласувањата меѓу двајцата министри Каменос и Коѕијас, како што вчера …

Грчки медиуми: Коѕијас се заканил со оставка на вчерашната седница на грчката Влада Read More »

Турската православна црква ја тужи Цариградската патријаршија


Турската православна црква ја тужи Цариградската патријаршија и патријархот Вартоломеј заради одлуката да и даде автокефалност на Црквата во Украина, изјави портпаролката на патријаршијата на Турската православна црква Севги Еренерол. – Поднесовме тужба во која укажавме на тоа дека ова е политички случај, кој не е поврзан со верата. Вартоломеј нема надлежност да испрати свои …

Турската православна црква ја тужи Цариградската патријаршија Read More »

Опаѓа бројот на браковите во Албанија


Податоците објавени од Државниот институт за статистика на Албанија,ИНСТАТ потврдуваат дека во земјата опаѓа бројот на браковите евидентирани во матичната книга на венчани. – Албанските граѓани се поретко се одлучуваат на брак,што се гледа и од податоците објавени од ИНСТАТ. Тоа се гледа од објавените податоци за 2017 година при што најголем пад на бројот …

Опаѓа бројот на браковите во Албанија Read More »