Отворен Инфо-центар за евроатлански интеграции


Во Скопје вечерва е отворен Инфо-центар за евроатлански интеграции во кој граѓаните ќе имаат можност да се запознаат со придобвиките од влезот на Македонија во НАТО и Европската Унија. Центарот е проект спроведуван од страна на граѓанската асоцијација „МОСТ“ и е поддржан од Секторот за јавна дипломатија на НАТО, Министерството за надворешни работи на Кралството …

Отворен Инфо-центар за евроатлански интеграции Read More »

СЕХА: Вардар со победа се враќа од Букурешт


Екипата на Вардар оствари победа на гостувањето кај Стеауа во Букурешт со 30-34 (10-21) во 13-тото коло од регионалната СЕХА лига. Екипата на Роберто Гарсија Парондо одигра одлично прво полувреме во кое постигна 21 гол, а на почетокот на вториот дел имаа и највисоки 12 гола предност (23-11). До крајот дојде до мало опуштање во …

СЕХА: Вардар со победа се враќа од Букурешт Read More »

Харадинај: Косово се чувствува измамено и разочарано од ЕУ


Канцеларијата за односи со јавност на Владата на Косово го објави попладнево интегралното обраќање на премиерот Рамуш Харадинај на состанокот на Комитет за Стабилизација и асоцијација (ССА), во кое тој го критикува Брисел за „небрежност“ и „нејаснотии во однос на европската перспектива на Косово“, јави дописникот на МИА од Приштина. И покрај таквиот однос, изјави …

Харадинај: Косово се чувствува измамено и разочарано од ЕУ Read More »

Тереза Меј го закажа гласањето за Брегзит за јануари


Британските парламентарци ќе имаат можност да гласаат за договорот за излегување на Велика Британија од ЕУ во третата недела од јануари, соопшти премиерката Тереза Меј. Гласањето требаше да се одржи минатата недела, но беше одложено откако Меј призна дека има шанси да ја изгуби поддршката од мнозинството. Таа денеска рече дека Брисел бил јасен дека …

Тереза Меј го закажа гласањето за Брегзит за јануари Read More »

Од денеска онлајн продажба на налепница за патарина во Бугарија


Од денеска попладне, на сајтот bgtoll.bg може онлајн да се купи налепница за автомобили, која укажува на платена патарина во Бугарија (вињета), а информациите на интернет страницата се на осум јазици. Плаќањето може да се изврши со кредитна или дебитна картичка, а преку сајтот е можен и со трансфер на средства од банка. При купувањето на е-вињета, корисникот …

Од денеска онлајн продажба на налепница за патарина во Бугарија Read More »

Клоп: Добар ждреб за Ливерпул, Баерн е топ тим


Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп ја прифати мирно ждрепката за осминафиналето во Лигата на Шампионите. Англискиот тим на стартот од елиминациската фаза ќе игра со германскиот хегемон, Баерн Минхен. – Убава ждрепка. Беше јасно дека ќе добиеме тежок ривал и очигледно е дека Баерн е топ тим. Ќе биде пријатно да отидеме во Германија. Има …

Клоп: Добар ждреб за Ливерпул, Баерн е топ тим Read More »

Студенти креираа нов финансиски инструмент за ФИТР


Предлог проектите на два тима од трета година на Економскиот факултет во Скопје беа избрани како најдобри од деветте групи кои денеска во Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) ги презентираа своите решенија за нов финансиски инструмент за ФИТР. Одлуката, како што соопшти ФИТР, ја донела петчлена комисија во чиј состав биле претставници од …

Студенти креираа нов финансиски инструмент за ФИТР Read More »

Косовски медиуми: Тензии во Брисел, ЕУ го одложи пресот на Харадинај


Косовските медиуми кои известуваат од денешната посета на Брисел на владина делегација од Косово, предводена од премиерот Рамуш Харадинај, јавија дека прес-центарот на Европската унија ја одложил заедничката конференција за медиуми по седницата на Советот на Спогодбата за стабилизација и асоцијација (ССА) Косово-ЕУ, јави дописникот на МИА од Приштина. Според извештаите, одлагањето е направено поради …

Косовски медиуми: Тензии во Брисел, ЕУ го одложи пресот на Харадинај Read More »

По третпат ќе се постави „Галеб“ на Чехов во МНТ


Премиерата на претставата „Галеб“ од А.П. Чехов во режија на Нина Николиќ ќе се одржи на 18 декември во Македонскиот народен театар во 20 часот. Станува збор за трето поставување на текстот „Галеб“, напишан од еден од најголемите руски и светски драматичари, Антон Павлович Чехов (1860-1904), во 73-годишната историја на Македонски народен театар. Претходно „Галеб“ …

По третпат ќе се постави „Галеб“ на Чехов во МНТ Read More »

Илјадници Македонци со бугарски пасоши се со адреса на бандера за струја


Бандера за струја во едно село близу Благоевград е „адресата“ на илјадници Македонци со бугарски пасош, како дел од големата шема за продавање бугарски државјанства за пари, вели Катја Матева во разговор за „ЕУ Обсервер“, пренесува МЕТА. Таа е поранешен директор за државјанства во бугарското Министерство за правда. Работела таму до 2016 година, кога добила …

Илјадници Македонци со бугарски пасоши се со адреса на бандера за струја Read More »

Албанските партии ја завртеа плочата – сега Заев е анти Албанец


Одлуката на Приштина да формира армија го разбранува регионот, но и светот. За денеска во 21 часот по средноевропско време, на барање на Русија, е закажана седница на Советот за безбедност на ОН посветена на Косово. Москва инсистира дебатата да биде отворена за јавност, но Вашингтон и Лондон се противат. На седницата би требало да …

Албанските партии ја завртеа плочата – сега Заев е анти Албанец Read More »

ЕК им оддаде почит на новинарите кои загинаа во нападот во Стразбур


Европската комисија денеска повика на едноминутно молчење во спомен на двајцата новинари кои загинаа во нападот во Стразбур минатата недела. Меѓу петте жртви беа и италијанскиот дописник на ЕУ Антонио Мегалици (28) и полскиот новинар Барт Орен-Неджелски (36). – За жал, меѓу жртвите има и еден од нашите. Антонио Мегалици работеше за универзитетското радио „Еурофоника“ …

ЕК им оддаде почит на новинарите кои загинаа во нападот во Стразбур Read More »

Албумот на Крсте Роџевски меѓу најдобрите според џез-списанието „Даунбит“


Најпознатиот и највлијателниот џез-магазин „Даунбит” (DownBeat) во својот најнов јануарски број го вброи актуелниот албум на Крсте Роџевски „The Rabbit and the Fallen Sycamore“ во својата листа на најдобри албумски остварувања во 2018 година, во којашто се најдоа и последните албумски објави на Брајан Ино, Вадада Лео Смит, Дејв Холанд, Џо Ловано и Дејв Даглас, …

Албумот на Крсте Роџевски меѓу најдобрите според џез-списанието „Даунбит“ Read More »

Доделување на наградата „Медиум промотор на новинарството како јавно добро – Роберто Беличанец“


Свечено доделување на наградата „Медиум промотор на новинарството како јавно добро – Роберто Беличанец“ во организација на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници ќе се одржи денеска во Скопје. Признанието ќе се додели на медиумот кој ги задоволува следниве критериуми: континуирано чувство за општествена одговорност, третирање на новинарството како јавно добро преку залагање за …

Доделување на наградата „Медиум промотор на новинарството како јавно добро – Роберто Беличанец“ Read More »

Заев и Ципрас ќе бидат номинирани за Нобелова награда за мир


Добитничката на Нобеловата награда за мир во 2015 година, Тунижанката Уидед Бушамауи, утре официјално ќе поднесе номинација – следната Нобелова награда за мир да им биде доделена на премиерите на Македонија и Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас. Нејзиниот предлог ќе биде претставен на церемонијата што утре (18.12) во 11 часот ќе се одржи на …

Заев и Ципрас ќе бидат номинирани за Нобелова награда за мир Read More »

Идентификувана и третата жртва на автобуската несреќа кај Лесковац


Идентификувана е и третата жртва во автобуската несреќа што вчера се случи кај Лесковац. Тоа е 63-годишната В.К од Кавадарци. Претходно беше утврден идентитетот на останатите две жртви, 68-годишна жена од Кочани со иницијали К.К и 68-годишен маж од крушевското село Бучин со иницијали В.Ш. Во Србија се уште се води истрага за сообраќајната несреќа, …

Идентификувана и третата жртва на автобуската несреќа кај Лесковац Read More »

Двајца пратеници исфрлени од зградата на унарската телевизија


Припадници на обезбедувањето денеска исфрлија двајца независни пратеници од зградата на унгарската државна телевизија откако се обиделе да прочитаат петиција. Тие се обидоа да ја прочитаат петицијата еден ден откако полицијата употреби солзавец против демонстрантите во Будимпешта, јави Радио Слободна Европа. Двајцата пратеници беа меѓу десетината членови на Парламентот кои ноќта ја поминаа во зградата …

Двајца пратеници исфрлени од зградата на унарската телевизија Read More »

Трајковски тврди дека бил во Будимпешта на преглед


Советникот на ВМРО-ДПМНЕ во општина Гази Баба Александар Трајковски кој беше снимен на фотографија со поранешниот премиер Никола Груевски во Будимпшешта, на денешното рочиште за предметот „Насилство во Центар“ во кој е еден од обвинетите, рече дека бил во Унгарија поради специјалистички преглед за синусите и дишните патишта. Трајковски во Будимпешта заминал по второ мислење …

Трајковски тврди дека бил во Будимпешта на преглед Read More »

Судот ја вратил гаранцијата на Мијалков да се комплетира


Судија на претходна постапка утврдил дека предлогот што го доставила одбраната на поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков, со којшто нуди гаранција од еден милион евра за да излезе од притвор, не бил комплетиран. Од Кривичниот суд за „Независен весник“ велат дека побарале одбраната да го комплетира предлогот и откако ќе го направат тоа, …

Судот ја вратил гаранцијата на Мијалков да се комплетира Read More »

Црногорец скршил маса во гостилница во Скопје и го претепал сопственикот


Основното јавно обвинителство Скопје започна постапка и одреди притвор за црногорски државјанин за сторено кривично дело – тешка телесна повреда, кој во ноември искршил маса во гостилница, а три дена по настанот кога со уште едно непознато лице дошол да му се извини на сопственикот го претепал до бессознание. -Осомничениот, заедно со непознато машко лице, …

Црногорец скршил маса во гостилница во Скопје и го претепал сопственикот Read More »