Атанасовски: Со победа на Герасимовски, Центар ќе биде бастионот на опозицијата

Политичкиот аналитичар Благојче Атанасовски за Сител телевизија ги анализираше претстојните локални избори што треба да се одржат на 19 октомври. Во своето гостување, тој изјави дека очекува ВМРО-ДПМНЕ да победи во дел од скопските општини, со исклучок на Општина Центар кадешто повторно втор мандат би добил актуелниот градоначалник Горан Герасимовски.
„Очекувам победа на Горан Герасимовски од редовите на СДСМ и тоа да биде опозициско јадро на грогираната опозиција“, рече Атанасовски.
Тој се осврна и за изборните резултати за градот Скопје, со интересна битка за Општина Карпош.