Асоцијација за Е-трговија и МБА ќе соработуваат за развој на е-трговијата во земјава


Македонската банкарска асоцијација  и Асоцијацијата за е-трговија на Македонија ќе соработуваат за развој на електронската трговија во земјава.

За таа цел двете асоцијации потпишаа меморандум за соработка кој ја постави основата за размена на информации од заеднички интерес, споделување тековни и нови искуства,  креирање и земање учество на настани од областа за е-трговија и финансиска едукација и инклузија односно развивање на дигиталната писменост, способности и градење на капацитетен пазар на труд во секторот за е-трговија, како и за развојот на програмите за потребите на корисниците на банкарските услуги. Исто така, ќе разменуваат професионални совети и ќе споделуваат тековни и нови искуства.

– Со потпишување на овој меморандум за соработка Македонската банкарска асоцијација ќе работи на подобрување на банкарските услуги поврзани со е-трговија, унапредување на транспарентноста, безбедноста, брзината и квалитетот при извршување на услугите и ќе се стремиме заеднички да придонесеме кон подигнување на нивото на едукација на клиентите и зголемено користење на платежните картички во секојдневието, вели претседателката на МБА, Стевкова Штериева.

В.д. претстедателот на Асоцијацијата за е-трговија Филип Чижбановски вели дека банките се значајна алка во синџирот на е-трговијата, како и дека само со заеднички пристап од сите засегнати страни може да се влијае кон подобрување на условите во кои работат е-трговците и да се стекне довербата на онлајн купувачите.