Асаф Абдурамани нов в.д. директор на ФЗОМ


Владата, на денешната седница, ја констатираше оставката на Фатон Ахмети од позицијата директор на Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија.

Владата го именуваше Асаф Абдурамани за в.д. директор на Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија.

Во порака на фејсбук до сопартијците од ДУИ, Ахмети рече дека продолжува со нови задачи во партијата.

„Денеска поднесов оставка од функцијата генерален директор на Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија.Ви благодарам за поддршката и плодната соработка при извршување на ова функција.Мојот ангажман ќе го продолжам фокусирајќи се на партиските задачи, со максимална посветеност во реализација на визијата на Али Ахмети“.

Друго објаснување не е дадено во објавата, но самиот укажува дека не станува збор за припадност кон „огнената“ група која откако беше прогласена за фракција, што не е дозволено според статутот на ДУИ. 

Фондот за здравствено осигурување од поодамна функционира со двајца директори, едниот поставен од владејачката партија, другиот од нејзиниот коалициски партнер од политичкиот блок на Албанците. Директор на Фондот е Магдалена Филиповска Грашкоска која до денеска функцијата ја делеше со Фатон Ахмети.