Архивот на јавни собири процени дека на протестот во Белград имало меѓу 275.000 и 325.000 луѓе


 

Архивот на јавни собири, организација која брои учесници на јавните собири, даде проценка за бројот на луѓе на големиот протест во Белград „15. за 15″.

Врз основа на теренско истражување и анализа на снимки од протестот Архивот на јавни собири проценува дека на овој собир присуствувале од 275.000 до 325.000 луѓе, со можност бројката да биде уште поголема, наведуваат во објава на Фејсбук.

Како што додаваат, поради исклучителната големина, динамичниот карактер и структурата на собирот, како и нејасната ситуација во одредени делови од градот, особено во Нов Белград, не е можна попрецизна проценка.