Апелацискиот суд ја одби жалбата на ИРЛ и пресуди во корист на Кочо Анѓушев


 

Апелацискиот Скопје денеска ја одби како неоснована жалбата на Истражувачката репортерска лабораторија и со тоа ја потврди првостепената пресуда во спорот што го поведе бизнисменот Кочо Анѓушев поради наводи изнесени во документарецот „Заговор против воздухот“, емитуван во 2021 година на МРТ. Деталите за одлуката ќе бидат наведени во писмената пресуда.

Од прес службата на компаниите на Анѓушев, во негово име и во име на неговата фирма БРАКО, испратија писмена изјава:  

„Судовите со овие пресуди потврдија дека оваа група со години врши медиумски клевети, изнесува лаги и зависно од текот на финансиите креира средина во Македонија за јавна пресметка со одредени личности за да направи дефокус и заштита токму на вистинските сторители на казниви дела, и користена е за внатрешни политички пресметки во Македонија служејќи на одредени страни. Во секоја земја економијата е таа која ја движи државата напред и која продуцира работни места и ја полни државната каса со даноци, за да има функционално општество“.

Од ИРЛ велат дека нивната јавната борба не е завршена и организацијата ќе ја тужи државата во Судот во човекови права во Стразбур, а жалби ќе се поднесат и до Врховниот и до Уставниот суд,

Реакција испратија новинарските организации ЗНМ и ССНМ. Во заедничко соопштение тие изразуваат загриженост дека вакви одлуки создаваат притисок врз независното истражувачко новинарство и предупредуваат на, како што велат, опасен преседан институциите да одредуваат што е медиум и кој е новинар.