Апасиев и Крмов поднесоа кривична пријава против Талат Џафери

Пратениците на Левица Димитар Апасиев и Борислав Крмов до Основното јавно обвинителство – Скопје поднесоа заедничка кривична пријава против претседателот на Собранието Tалат Џафери, заради основано сомневање дека сторил кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“ – казниво по чл. 353 од Кривичниот законик, со запретена затворска казна до три години.
Апасиев и Крмов тврдат дека со отфрлањето на над 2.400 нивни амандмани и го свесно оневозможил пратеничкото право на писмено поднесување и усно образлагање на поднесените амандмани на пленарна седница на Собранието.
-Со ова свое недозволиво, арбитрарно и самоволно дејствие тешко ги повредил уставните, законски и деловнички права на пратениците кои им се загарантирани во легислативната парламентарна постапка, како овластени предлагачи на закони и други општи акти, со што таксативно се исполнети сите законски услови за кривичен прогон против пријавениот, стои во реакцијата на Левица.