Антикорупциска: Кој им платил пат во Палермо на Тупанчевски, Фетаи и Нанев?


 

 

Портпаролот на Фудбалската федерација на Македонија, Златко Андоновски, на прашањето дали федерацијата им ги овозможила местата во ложата на Тупанчевски, Нанев и Фетаи не сакаше да коментира.

„Доколку службените лица не патувале во рамки на своите службени должности, сами нека си објават кој им ги подмирил трошоците за патување. Повикуваме министерот за правда, Никола Тупанчевски, вишата јавна обвинителка Фатиме Фетаи и претседателот на Основниот суд Кавадарци Лазар Нанев, сами да кажат кој им ги плати билетите и патувањето.“ – велат од Државна комисија за спречување на корупцијата. Антикорупционерите предупредуваат – Доколку се работи за подарок, тие ги прекршиле етичките кодекси на владата, обвинителите и судиите.

Прв се јави министерот за правда, Никола Тупанчевски, кој во изјава за Фокус тврдеше  дека на свој трошок бил во Италија.

-Секако дека на свој тошок бев во Италија, изјави министерот, веднаш штом слета во Скопје.