Анкети: Партијата на Курц ќе растури на изборите во Австрија
Точно 99 дена пред предвремените избори во Австрија, Народната партија (ОВП) на Себастијан Курц, е далеку понапред од сите други партии, според последните анкети на јавното мислење.
Според тековните истражувања објавени од страна на виенскиот весник „Остерих“, ОВП во овој момент би можела да освои 38 отсто од гласовите, што е ниво на популарност на кое што се наоаѓа подолго време.
ОПВ е за 15 отсто пред Социјалдемократската партија (СПО), која може да смета само на 23 отсто од гласовите.
Ако изборите бидат завршени со ваков резултат, тоа ќе биде најголемата разлика меѓу двете најголеми партии по парламентарните избори во 1945 година.
Истражувањето покажува дека дека народњаците може да изберат со кого ќе формираат влада, а же бидат во ситуација и со еден од помалите партии да формираат мнозинство.
На третата позиција е Слободарската партија на Австрија (ФПО), која освои 17 отсто од гласовите, како резултат на аферата „Ибица” односно видео снимката која покажува како досегашниот претседател на партијата Хајнц Кристијан Штрахе, нуди на една наводно роднина на руски милијардер државни работи за финансиската поддршка за неговата партија. Поради тоа тој мораше да поднесе оставка на сите политички функции.
ФПО падна под 20 проценти, а во минатото, таа беше посилна од СПО.
Што се однесува до помалите партии, истражувањето покажува дека Зелените, откако не го минаа прагот на парламентарните избори во 2017 година, повторно ќе влезат во Собранието и тоа со 10 отсто од гласовите.
Во парламентот би влегла и партијата Неос, која би освоила околу освои осум отсто, три повеќе отколку на претходните парламентарни избори.