Ангелов ја предаде функцијата на новиот директор на ЦУК Мухамед Аљи


Денеска, во просториите на ЦУК, довчерашниот директор Стојанче Ангелов, му ја предаде функцијата на новиот директор Мухамед Аљи кој на оваа позиција доаѓа од редовите на Дирекцијата за заштита и спасување.

„Верувам дека за него ќе биде тешко да го следи моето работно темпо но исто така верувам дека е подготвен да даде се од себе за побргу да навлезе во спецификите на менаџментот со кризи“, рече Ангелов на примопредавањето.

За заменик-директор на ЦУК е именуван Трајче Јовановски кој работи во ЦУК од 2008 година, моментално е на позицијата помошник раководител на Сектор за аналитика, процени и стратешко планирање.