Ангелов го испрати воздухопловниот тим на хеликоптерот „Блек Хок“ од Чешка

Од нашата земја денеска заминува седумчлениот воздухопловен тим од Република Чешка, кој помогна во справувањето со огнените стихии со нивниот хеликоптер „Блек Хок“.
Како што информира Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), од име на македонската Влада и македонските граѓани директорот на ДЗС и раководител на Главниот штаб за управување со кризи Стојанче Ангелов им се заблагодари за нивниот особен придонес и за помошта за гаснење на пожарите на отворено.
Ангелов на членовите на воздухопловен тим им доделил благодарници.