Анчелоти ја напаѓа Барселона со најсилниот тим за третиот трофеј во сезоната


Во недела од 20 часот Барселона и Реал Мадрид ќе играат во финалето на Суперкупот, а Карло Анчелоти ден пред натпреварот доби одлична вест.

Како што пренесува угледниот весник „АС“, италијанскиот стручњак ќе може да смета на Џуд Белингам, Федерико Валверде и Аурелиано Чуаменi кои се полесно повредени.

Сите тројца се важни играчи за Реал Мадрид на своите позиции, а треба да се додаде дека Белингем беше Играч на натпреварот во полуфиналето против Мајорка.

Покрај тоа, Анчелоти на располагање ќе го има и Лука Модриќ, кој се опорави и е подготвен да му помогне на својот тим.

За потсетување, Реал Мадрид во недела го брка третиот трофеј сезонава, додека Барселона го бара првиот. На почетокот на оваа сезона, Кралевите го освоија Суперкупот на УЕФА и Интерконтиненталниот куп на ФИФА.