„Амазон“ започна со отворање на канцеларијата во Загреб, бара работници


„Амазон“, една од петте најголеми технолошки компании во светот, по две години подготовка, официјално започна со отворање канцеларија во Загреб.

За почеток, бара 15 работници, а неофицијално во индустријата се споменува дека конечната бројка би можела да се искачи на 50. Иако оваа компанија кај нас е најпозната како интернет трговец и е најголема во светот, таа е многу попозната во ИТ индустријата по услугите во облак.

Пред две години, „Амазон“ преку својата компанија A100 Row Inc. ја отвори компанијата Amazon Data Services Zagreb d.o.o. во Хрватска. Минатата година, компанијата ги оствари првите 1,75 милиони куни промет, главно интерно, според деловните единици во Амазон.

Во Амазонбеа недостапни за коментар, пишува Јутарњи лист. Сопствениците и директорите на центрите за податоци во Хрватска се оградија од коментари. Познато е дека во Хрватска и Мајкрософт и Гугл имаат свои „кешинг“ сервери. Во браншата се коментира дека Амазон започна да работи поактивно во Хрватска од повеќе причини, пренесува СЕЕбиз.