Амандманска расправа на Предлог законот за учебници на Комисијата за образование
Во Собранието на Северна Македонија денеска ќе сеодржи седница на Комисијата за образование, наука и спорт, на чиј дневен ред е амандманска расправа на Предлог-законот за учебници.
На дневен ред на оваа седница е и Предлог на закон за престанување на важењето на Законот за основање на Национална агенција за нуклеарни технологии на Република Македонија – второ читање, како и Предлог на закон за Националната рамка на квалификации во второ читање.
Во Собранието седница ќе одржи и Законодавно-правната комисија, на чиј дневен ред е амандманска расправа за Предлог законот за образование на возрасните и на Предлог на закон за стручно образование и обука – второ читање.