Алкараз загуби од Корда во третото коло на Мастерсот во Мајами


Американскиот тенисер Себастијан Корда синоќа го победи Шпанецот Карлос Алкараз во третото коло на Мастерсот во Мајами.

Мечот траеше 2 часа и 19 минути и заврши со резултат 6:3, 5:7 и 6-4 во корист на Американецот. 

Светскиот број 36, Корда, сервираше 12 аса, не направи двојни грешки и реализираше три од своите пет брејк топки. Алкараз, светскиот број еден, имаше два аса, две двојни грешки и реализираше две од своите пет брејк топки.

Во 2025 година, Алкараз загуби во второто коло на турнирот во Мајами, додека Корда загуби во четвртфиналето. 

Наградниот фонд на турнирот изнесува 9,4 милиони долари.