Алкараз го пропушта Ролан Гарос поради повреда
Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз објави денеска дека нема да настапи на грен слем турнирот Ролан Гарос и на турнирот од Мастерс серијата во Рим поради повреда на десниот зглоб.
„По резултатите од денешните тестови, донесовме одлука да бидеме претпазливи и да не учествуваме во Рим и Ролан Гарос, чекајќи понатамошен развој на настаните со повредата за да одлучиме кога ќе се вратиме на теренот“, објави вториот светски тенисер на социјални мрежи.
Откако го повреди десниот зглоб и беше принуден да се повлече од Мастерс турнирот во Мадрид 1000, Алкараз минатиот понеделник изјави дека не сака да се форсира себеси или да презема ризици од влошување на повредата.
Дваесетидвегодишниот Алкараз два пати ја освои титулата на Ролан Гарос, во 2024 и 2025 година.
Ролан Гарос ќе се одржи од 18 мај до 7 јуни.