„Алкалоид“ со ласерски спектакл го одбележа 90-годишниот јубилеј во НОБ (фото)


Во  фоајето на Националната Опера и Балет, „пресоблечено“ во свечено руво, и на сцената со невиден ласерски спектакл, во присуство на државниот врв, претставници на дипломатскиот кор и бројни гости од сите сфери на живеење, Алкалоид го одбележа својот голем јубилеј – 90 години постоење, раст, визија и посветеност.
 
 
Приказната за „Алиса во земјата на Алкалоид“ специјално изготвена од Дејан Пројковски, со музика на Никола Мицевски и кореографија на Олга Панго, низ која не водеше актерот Сашко Коцев, не поведе низ едно поинакво патување низ времето и светот на компанијата, а сцената ја збогатија врвни домашни уметници – маестро Симон Трпчевски со „Македонисимо“, Калиопи, Влатко Стефановски Трио со хитовите и со ексклузивни точки од мјузиклот „Као какао“ и на танцовото студио „Еурека“.
 
 
Беше незаборавна вечер за сите генерации и вкусови во која девет децении традиција, раст, успеси и генерации кои оставиле свој белег, се сретнаа со современата енергија во која спомените добија музика, а иднината-светлина.
 
 
90 години не се само бројка. Тоа се илјадници приказни, генерации луѓе, достигнувања и моменти што оставаат трага. И токму затоа вечерта не беше само прослава на јубилејот кој почна со традиционалниот хуманитарен пикник во Хиподром, продолжи во ресторанот Парк-Рагуза со настап на Викторија Лоба и Слаткар, а заврши во Охрид со настап на регионалната и хрватска поп-ѕвезда Нина Бадриќ.
 
 
Беше прослава на едно наследство што продолжува да живее и да создава иднина. Вечер исполнета со гордост, емоции и спомени, но и со поглед кон новите поглавја што допрва ќе ги создава една од најголемите и најуспешни компании кај нас.
 
Фото: ФБ на „Алкалоид“