Алијансата за Албанците ги нарече „малигни“ постовите на руската амбасада во Скопје


Руската амбасада во Скопје
Алијанса за Албанците ја осудува неодамнешната провокација на руската амбасада во Скопје на Твитер, со која според оваа партија, сериозно се прекршува Уставот на земјата којшто го признава Косово како независна и суверена држава.
 
-Северна Македонија е  јасно усогласена со Западот во осудата на руската агресија врз Киев и во одбраната на територијалниот интегритет на Украина. Бараме мнистерот за надворешни работи да го повика рускиот амбасадор за објаснување и да протестира против ваквите брутални интервенции на Русија.Северна Македонија, како земја кандидат за членство во Европската Унија, не смее да дозволи вакви малигни влијанија од акредитирана амбасада во Скопје.
 
Молкот пред ваквите провокации може да се сфати како легитимирање на проширувањето на руската агенда на Балканот, којашто заедно со воено поттикнувачката политика на Србија кон Република Косово, се директна закана за мирот и безбедноста во регионот, како и саботирање на европска перспектива на Западен Балкан, порачуваат од Алијансата..