Алијанса за Албанците: Меџити ги злоупотребува државните канцеларии за партиски состаноци


Лидерите на коалициските партии во нелегитимната Влада грубо ги злоупотребуваат државните институции и ресурси, велат од Алијансата за Албанците преку соопштение, споделувајќи фотографија за која тврдат дека потекнува од партиски состанок.
 

„И како член на ДУИ, и како градоначалник на општина Чаир, но и сега како член на ВЛЕН, Изет Меџити ги злоупотребува владините канцеларии за партиски состаноци и активности.

Ја повикуваме Државната комисија за спречување на корупцијата да отвори постапка за злоупотреба на државните институции од политички функционери за партиски цели. Го повикуваме и вицепремиерот за добро владеење да ги извршува службените должности и да ги санкционира незаконските дејствија на неговите сопартијци.

Ваквите постапки се неподносливи и сериозно законско прекршување и го откриваат вистинското лице на коалиционите партии ВЛЕН, кои државните институции ги гледаат само како алатка за партиски придобивки“, се вели во соопштението на Алијансата.