Албанскиот амбасадор стана непожелен за коалицијата „Вреди“
Нешто се случува во односите на партиите од албанскиот кампус и албанскиот амбасадор во Скопје и прв пат долги години наназад официјалниот претставник на Тирана изгледа дека е непожелен за партии во власта. Амбасадорот Денион Меiдани, наводно се мешал во внатрешните работи на Македонија, и тоа на штета на владејачката коалиција „Вреди“. се меша во внатрешно-политичките прашања на Македонија. Тоа го кажуваат и јавно.
Лидерот на Беса, Билал Касами, и на Демократското движење, Изет Меџити, се незадоволни од постапките на Меiдани.
„Јас не можам да одбијам средба со амбасадор на една држава, во овој случај најмалку со амбасадорот на Албанија, без разлика на улогата што во одредени моменти се обидува да ја преземе на политичката сцена, нешто што му го кажав и на средбата и во повеќе наврати – дека треба да ја претставува албанската држава и да ги штити правата на Албанците согласно Уставот, а не да се вклучува во овие партиско-политички дебати кај нас“, изјави Касами.
Тој вели дека амбасадорот повеќе наклонувал кон нивните политички ривали. Слично мисли и Изет Меџити:
„Ја сакаме Албанија и кога владата на Албанија е на ниво на дневна политика и зазема страна, ја зазема страната на другиот, ние повторно ја сакаме Албанија, изјави Изет Меџити“.
Мејдани одговори преку Fејсбук велејќи дека спроведува државна политика.
„Ние не правиме дневна, туку државна политика. Се согласуваме само кога сме на иста линија за гарантирање на правата, почитување на меѓународните договори и за чекорење рамо до рамо кон Европа“, напиша тој.
Пречката на сопнувањето можеби е желбата на албанскиот претседател Бајрам Бегај кој на претстојната посета на Македонија изразил желба да се сретне во Собранието со претседателите на сите албански парламентарни парти, меѓу кои и Али Ахмети.
Од ДУИ имаат сосем поинакво мислење. Потпретседателот на ДУИ, Бујар Османи, напиша дека координираниот напад врз Меiдани од страна на „преферираните Албанци на Мицкоски“ во Владата, дошол во момент кога албанскиот амбасадор почнал отворено да зборува за „антиалбанските политики на сегашната влада“.
„Истите луѓе кои не видоа никаков проблем кога го прифатија Стоилковиќ како заменик-премиер, фигура што е продолжена рака на Белград и Бања Лука, денес имаат проблем со еден албански амбасадор кој не молчи“, изјави Османи.