Активни 3.519 случаи на заразени со Ковид-19, досега починаа 376 лица


Фото: Б. Грданоски

Во последните неколку недели секојдневно во земјава се бележат по речиси двесте нови случаи на заразени со Ковид-19. И покрај мерките за носење маска и држење дистанца, како и воведените протоколи, епидемијата не стивнува. Најмногу случаи се бележат во Скопје, а од скопските општини во Чаир.

Фото: Б. Грданоски

Константно во последниов период најмногу нови случаи се бележат во Скопје, каде има 1864 активни случаи,  во Куманово се активни 181,  во Дебар 81, Штип 165, Прилеп 61, Тетово 323, Струга 156, Велес 38, Битола 29, Охрид 131, Кавадарци 17, Гостивар  се активни 131, Гевгелија 3, Струмица 13, Крива Паланка 9, во Радовиш активен е еден случај, Крушево 5, Кочани 16, Пробиштип 23, Демир Хисар 5, Македонски Брод 5, Пехчево 2, Берово 1,  Виница  1, Кратово 2, Свети Николе 105, Кичево 59, Ресен 89
и Неготино три случаи.

Фото: Б. Грданоски

По општини во Скопје, најмногу активни случаи се бележат во Чаир – 309, Аеродром – 157, Бутел – 137, Гази Баба – 193, Центар – 143, Карпош – 143, Сарај – 124, Кисела Вода – 108, Ѓорче Петров – 101, Студеничани – 110, Шуто Оризари – 82, Арачиново – 45, Илинден – 28, Петровец – 18, Чучер Сандево – 11, Сопиште – 9, Зелениково- 13, пет странци и 128 случаи се нераспределени.