Актерот од Театар Комедија Жарко Димовски се ожени во Ровињ

Во еден од најубавите градови на хрватското крајбрежје, градот Ровињ, се ожени познатиот актер од Театар Комедија, Жарко Димовски.
Овој свечен момент се случил во присуство на само најблиските роднини на младенците, со оглед на мерките кои важат и во Хрватска поради пандемијата од коронавирусот.