Ако нема датум за преговори, Мицкоски се надева на датум за избори
Опозицискиот лидер Христијан Мицкоски не е оптимист дека ќе добиеме чист датум за почеток на преговори со ЕУ. Вели дека или ќе има условен датум или преговори воопшто нема да има.
Според Мицкоски, одговорноста е кај власта и не се проблем Франција или Холандија, тукукКоруптивните скандали, недонесувањето на законот за СЈО и забелешките на Венецијанската комисија за Законот за јазици.
-Како што одминуваат деновите, можам да кажам дека не само што ќе нема безусловен датум, туку, според вестите што ги добивам, таков датум може и да нема. Таков датум ќе нема затоа што не е доволно националното понижување, националниот срам што го донесоа. Затоа што, срамејќи ја државата, тие донесоа и голем арамилук, а тоа го гледаат и нашите партнери од Европа. Гледаат дека во оваа држава царува и владее криминалот, безредието, опостушувањето, а луѓето се иселуваат од немоќ – изјави Мицкоски.
Според него, големи се шансите датумот за преговори да биде одложен за некои други времиња, да дојде некоја друга политичка гарнитура која, како што вели, што ќе биде чесна и честита, политичка гарнитура која што ќе гарантира владеење на правото и безусловна правдина и почитување на законите и Уставот…
-Верувајте имаме многу докази за тој криминал. Имаме многу докази за тој криминал што го сторил Зоран Заев и луѓето околу него. И верувајте дека тие докази ќе ги слушне и види македонската јавност многу скоро – рече Мицкоски на средба со граѓани од општина Карпош.