Акциите на „Алибаба“ незапирливо паѓаат на берзите
Акциите на „Алибаба“ незапирливо паѓаат на берзите, поради што се намалува богатството на сопствениците на онлајн компанијата и некогаш најбогатите Кинези.
Како што продолжуваат проблемите на технолошкиот гигант, така драматично се „топи“ и богатството на сопствениците на „Алибаба“.
Милијардерот Џек Ма, некогаш најбогатиот Кинез, изгубил дури 30 милијарди долари во изминатата година и во моментов, според проценките на Форбс, е „тежок“ со само околу 38,6 милијарди долари, во споредба со максималните 66,6 милијарди долари на својот врв.
Само во петокот, по новиот пад на вредноста на акциите на „Алибаба“, Ма загуби дополнителни 350 милиони долари, пренесува Бизлајф.
Групацијата „Алибаба“ минатата недела објави разочарувачки квартални приходи и ги наруши прогнозите за следната година.
Приходите на кинеската компанија во вториот квартал беа пониски од очекувањата на пазарот бидејќи забавувањето на потрошувачката во Кина и нарушувањата во синџирот на снабдување го погодија секторот за е-трговија, според објавените финансиски резултати на компанијата.
Ројтерс наведува дека деловните резултати на „Алибаба“ пропаднале во вториот квартал од фискалната година на компанијата и дека по објавувањето на извештајот, акциите на „Алибаба“ котирани на Њујоршката берза, кои изгубиле 30 отсто од вредноста досега оваа година, потонале 2,4 пати на Вол Стрит во петокот, проценти.
Големите кинески технолошки компании, додава британската агенција, се исто така под притисок од построгите прописи донесени од кинеските регулатори, наведувајќи ги антимонополските и безбедносни причини.