АХВ: Колач произведен во Италија итно повлечен од продажба, најден е опасен пестицид
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) нареди итно повлекување на еден производ од маркетите и продавниците.
АХВ ги информира потрошувачите дека се отповикува следниот небезбеден производ – колачот „QUADRONE VERIEGATO Geechele 400“, поради присуство на хлорпирифос, опасен пестицид забранет за користење во Европската унија.
Доколку граѓаните го купиле овој производ од серијата со рок на траење до 15 октомври оваа година, истиот да не го конзумираат и да го вратат таму каде што го купиле.
Сериски број/лот: 15.10.2023
Рок на употреба: 15.10.2023
Производител: GECCHELE Italy