Ахмети и честиташе на Албанија, ја нарече „очај“ состојбата со Македонија
Срдечно им честитам на сите Албанци, на премиерот на Албанија, Еди Рама, и на целиот тим што неуморно работи на отворање на првото преговарачко поглавје.
Ова денеска на својот фејсбук-профил го напиша лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, коментирајќи го денешното отворање на првиот кластер на меѓувладина конференција ЕУ – Албанија во Луксембург, со што Тирана практично ги почнува преговорите за членство во Унијата.
„Одлучни вести од Луксембург за Албанија, Албанците и целиот регион на Југоисточна Европа. Посакувам Албанија напорно да работи кон остварување на целта за членство во Европската Унија во 2030 година“,напиша Ахмети на Фејсбук.
Ахмети вели дека мора да се спомене очајот што Северна Македонија денеска не е до Албанија поради блокада на нашиот европски пат, како резултат на неспроведувањето на преговарачката рамка одобрена од Светот на Европската Унија и Северна Македонија.
„Мораме да дадеме се од себе да ја обезбедиме и запечатиме европската иднина на нашите граѓани со покажување лидерство и решителност. Нема друга алтернатива. Европа ни е единствениот пат“, напиша Ахмети.
Инаку, бугарските политичари го поздравија раздвојувањето на Албанија и Македонија на патот кон ЕУ кога беше донесена одлуката гледајќуи го тоа како триумф на својата политика..
„Резултатот е дека Албанија оди напред – го прифати бугарското малцинство, а нашите колеги во Северна Македонија нека се справуваат со тоа што самите си го создадоа“, рече Борисов во септември.осегашно однесување“, рече Борисов.