Западноафриканските лидери им се закануваат на пучистите во Нигер со сила
 

Регионалните лидери на состанокот во главниот град на Нигерија Абуџа изјавија дека казнените мерки против новите воени лидери на Нигер може да вклучуваат финансиски и патни санкции и зона на забранети летови.

Министрите за одбрана на ЕКОВАС ќе се сретнат веднаш, а постои можност за воена акција, се наведува во соопштението. ЕКОВАС, исто така, ја осуди поддршката дадена на пучистите од страна на некои странски земји и воени платеници.

Овонеделниот пуч во Нигер го осудија соседните земји и меѓународните партнери, вклучувајќи ги САД, Обединетите нации, Африканската унија, Европската унија и поранешниот колонијален господар Франција.

Но, шефот на руската платеничка група Вагнер го пофали пучот и на новата влада ѝ понуди услуги. Пучистите во Нигер претходно го предупредија светот да не интервенира воено.