Аеродромци добиваат комунални услуги за собирање кабаст отпад


Аеродромци отсега имаат можност да добијат нови комунални услуги од страна на Јавното претпријатие за комунални дејности на Општина Аеродром, што за прв пат се воведува во општините што се под Град Скопје.

Комуналните услуги опфаќаат:
– Транспорт до депонија на градежен шут – пакуван во вреќи, кабаст, растителен, комунален отпад од домаќинства, од комерцијалниот и од индустрискиот сектор, како и мешан отпад;
– Машинско косење зелени површини;
– Гребење и собирање искосена трева;
– Гребење трева пред косење со изнесување отпад (камења, гранки и друго);
– Чистење зелени површини од листови;
– Поставување контејнер за кабаст отпад на локација одредена од инвеститор;
– Подигање на контејнери за кабаст отпад и транспорт до депонија;

Приватните и правните лица ќе можат за минимален паричен надомест да ги добијат овие услуги со закажување на телефонскиот број  072/270-886, како и на мејл адресата  [email protected].

Собраниот отпад ќе се третира според сите постојни законски регулативи и ќе се депонира во ЈП „Дрисла“ со кое Јавното комунално претпријатие на Општина Аеродром веќе има склучено договор, по претходно добиена дозвола за управување со отпад од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање.

Со воведувањето на овие нови услуги во голема мера ќе им се олесни на граѓаните управувањето со отпадот од нивните домови и компании, но се очекува и конечно да се стави крај на несоодветноти фрлање шут и отпад на локации што не се наменети за тоа.
Од Општина Аеродром информираат дека инспекциските контроли се зајакнати, а секое несовесно однесување од страна на приватни или правни лица е подложно на парични казни.