Аеродром се приклучува кон кампањата за замена на системот за греење со еколошки алтернативи
Општина Аеродром ги повика граѓаните, заедниците на сопственици и управители на згради да станат дел од кампањата за употреба на одржливи системи за греење.
Кампањата „Одбележување на 100 % одржлив систем за греење“ има цел да ги мапира објектите што веќе имаат инсталиран систем за греење на обновливи извори на енергија и да бидат добар пример и поттик повеќе корисници да се насочат кон одржливо греење.
На сопствениците на ваквите системи ќе им биде доделен зелен сертификат во облик на стикер како признание за користење одржливи технологии за греење и ладење од обновливи извори на енергии.
Инаку, кампањата се организира во рамките на проектот REPLACE финансиран од програмата за истражување и иновации на Европската Унија „Хоризонт 2020“.
Проектот е насочен кон сите што се вклучени во секторот греење и ладење: крајни потрошувачи, посредници, енергетски контролори како и инвеститори и сопственици на згради, со цел да се мотивираат да ги заменат старите и неефикасни системи за греење и ладење со еколошки алтернативи.
За приклучување кон оваа иницијатива е потребна регистрација на следниов линк: https://forms.gle/esHcK4RVVyirZLvR9