„Адора“ урива рекорди во Србија, на Златибор продаде стан по цена од 4.800 евра за метар квадратен
Во угледниот „Блиц“ и во повеќе српски медиуми денес одекна веста дека најголемиот македонски градежен бренд Adora Business Group по цена од 4.800 евра за метар квадратен, го продаде најскапиот стан во Златибор, на најубавата планина во Србија, во рамките на својот прв проект 21st Century Zlatibor Residence, Spa & Wellness by Adora.
Српските медиуми објавија детали за апартманот кој ги урна рекордите со убедливо највисоката продажна цена на недвижност на Златибор и на пазарот на недвижности во Србија. Станува збор за пентхаус на врвот од пионерскиот иноватиен проект на Адора 21st Century Zlatibor, со комфорна тераса од 100 m², декинг подна облога, поглед кон златиборските убавини и неверојатни содржини како џакузи хидромасажна када за осум особи, што може да се користи и при снежни услови и опрема за уживање. Додека апартманот е комплетно опремен „од А до Ш“ со природен камин, најмодерна техника, луксузна декорација, перфектно дизајниран мебел, а во цената се вклучени прибор за јадење, постелнина и пешкири.
Всушност се работи за „инвестициски апартмани“ во рамките на хотелско-резиденцијалниот комплекс 21st Century Zlatibor by Adora, кои сопствениците ќе ги користат кога и колку ќе посакаат, додека „Адора“ преку нејзиниот професионален „Hospitality менаџмент“ кој ќе се грижи за одржување и изнајмување на апартманите, ќе им овозможи и до 8 отсто годишен поврат на вложените средства.
Непосредно по овие објави, Душко Чифлиганец, заменик претседател на „Адора Бизнис Групацијата“ и директор на Adora Living Solutions, фирмата ќерка, инвеститор во Србија ни изјави:
„’Адора’ во реализацијата на овој наш пионерски проект на Златибор, го вложи целото свое 20 годишно искуство и постојан афинитет кон континуирани и прогресивни иновации во градежништвото. Ни причинува огромна чест и задоволство што на српскиот пазар на недвижности кој моментално е еден од најконкурентните во Европа, покажавме дека умееме рамноправно да се натпреваруваме со најдобрите. Голема е нашата благодарност кон српскиот народ, што со топло срце и на најпријателски начин не прифати како странски инвеститори и пред сè како луѓе“, порача Душко Чифлиганец.