Абе по вторпат во болница за една недела


Јапонија– Јапонскиот премиер Шинѕо Абе повторно беше во болница во Токио, вторпат во текот на изминатава недела.

Абе, кој долго време страда од воспаление на цревата, во последно време, исто така, се жалел и на замор, пренесуваат британските медиуми.

Во краткото обраќање по враќање од болницата Абе кажа  дека сака да стори се да може да биде здрав и да го даде својот максимум на работа.

Се шпекулира, меѓутоа, дека Абе заради здравствените проблеми ќе се повлече од функцијата прв човек на јапонската Влада, а како еден од најсериозните кандидати кои можат да го заменат на оваа функција се споменува владиниот портпарол  Jошидо Суга.

Абе и во 2007 година заради истата причина мораше да ја напушти премиерската функција.